Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него, ми беше срам да му пријдам“

И многу брзо се заљубивме еден во друг.
Уживавме во заедничките моменти, патувавме кога и да можевме, и нему и мене ни беше јасно дека имаме нешто посебно, нешто што вреди да се зачува.

Мислам дека и двајцата бевме целосно сигурни дека тоа е „тоа“ по летувањето, во септември 2022.
Тогаш тој за првпат објави заеднички фотографии на својот Инстаграм профил. Тогаш бевме во посета на манастирот св. Наум.

Кога се вративме во Белград, дознавме дека сум бремена, па така немавме класично запросување.

Но, затоа имавме прекрасно граѓанско венчавање на едно убаво место, близу Виена. Местото се вика Гумполдскирхен. Се венчавме на 21 јануари 2023.
Гумполдскирхен е мало живописно гратче во Австрија со винарии и лозја и прекрасна архитектура.

Црковната венчавка ја имавме кога го крстевме и нашиот син Стефан, на 12 мај 2024.



