Ваце Бонга за латино забавите кај нас: „Среќен сум кога некој дошол само да види, а си оди испотен од играње и насмеан“

„Кога почнав да настапувам на конги, рацете ми беа потечени по секој настап и ми требаа 2-3 дена за да ми помине болката целосно, ми се правеа и плускавци и модрици. Еднаш толку ме понесе атмосферата што удрив силно со палецот и белегот ми стои веќе трета година“, вели Ваце Бонга, кој веќе 4 години прави латино забави. 

vace-bonga-za-latino-zabavite-kaj-nas-srekjen-sum-koga-nekoj-doshol-samo-da-vidi-a-si-odi-ispoten-od-igranje-i-nasmean-01.jpg

Влатко Петровски (24) познат како Ваце Бонга е музичар перкусионист, а хоби му се мал фудбал, цртање, шах.

Тој е студент на Факултетот за технички науки и информатика, работи и како сервисер на ППА, но сепак, музиката му е страст од која не се откажува.

За конгите на кои свири 4 години, латино забавите и позитивната енергија што ја има таму, Ваце Бонга раскажа за CRNOBELO.com:

Колку долго свириш на конги, од каде љубовта кон овој инструмент?

Свирам на конги скоро 4 години. Љубовта кон овој инструмент ми се роди случајно.

Видов дека во мојот град има латино забава кај што настапуваше DJ G, го прашав дали може да купам инструменти и да му се придружам.

Tој ми кажа дека нема проблем, но дека треба да ги прашам газдите на локалот, а тие ми дозволија и ми рекоа дека може да почнам уште од наредната забава.

На почетокот правевме експерименти со сталаци и микрофони, поради тоа што немав доволно опрема за озвучување.

Но, со тек на време, почнав да вложувам во опремата сè повеќе, се усовршувам и тој процес трае.

Првиот удар на конгите ме пренесе во друг свет! Тие не се само инструмент, тие се јазикот на ритамот. Има нешто примитивно и искрено во нивниот звук што ме опијани.

vace-bonga-za-latino-zabavite-kaj-nas-srekjen-sum-koga-nekoj-doshol-samo-da-vidi-a-si-odi-ispoten-od-igranje-i-nasmean-04.JPG

Тешко ли е да се удира на конгите, те болат ли прстите? Се прават ли плускавци, се раскрвавуваат ли понекогаш, ако претераш?

Секоја работа што ја сакаш не е тешка, но секоја работа си има своја тежина и одговорност.

Во првите 3 месеци кога почнав да настапувам на конги, рацете ми беа потечени после секој настап и ми требаа 2-3 дена додека да ми помине болката целосно.

Лепев фластери често, но колку што помагаат за прстите, толку пречат од аспект на звукот.

На првите бонгоси обрачот беше железен и остар, но еднаш толку ме понесе атмосферата (или можеби џин тоникот, ха, ха), што удрив толку силно со палецот, што белегот ми стои веќе трета година.

Исто така, на почетокот ми се правеа и плускавци и модрици, ми се случии  да ми раскрвави еден прст, но не беше ништо страшно - само залепив ханзапласт и продолжив да настапувам.

Сега веќе немам никаков проблем и по 3-4 часа удирање, прстите се поцврсти после толку настапи.

vace-bonga-za-latino-zabavite-kaj-nas-srekjen-sum-koga-nekoj-doshol-samo-da-vidi-a-si-odi-ispoten-od-igranje-i-nasmean-02.JPG

Пред колку време почна да правиш латино забави?

Првата латино забава ми беше во октомври 2021 година, на аматерски бонгоси.

Бонгоси се латиноамерикански инструмент помал од конгите, па поради тоа уметничкото име ми е Ваце Бонга.

vace-bonga-za-latino-zabavite-kaj-nas-srekjen-sum-koga-nekoj-doshol-samo-da-vidi-a-si-odi-ispoten-od-igranje-i-nasmean-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...

Најчитани неделава