Дечко од Скопје на уникатен начин ја долови Галичката свадба: „Некои ќе кажат ‘селско’, а јас сум маѓепсан од традицијата“
Опинци, seen и срце во инбокс
Галичник не е локација, тоа е сцена. Тапани, млади со селфи-стик во едната рака и појас околу струк.
Секој втор гостин изгледа како да е од кастинг за историски Нетфликс проект, ама од оние добро стилизирани.

Јас таму? Јас со телефонот, а во џебот: 4 прашања. Пред мене – ликови кои изгледаат како да излегле од филм, ама се тотално тука. Реални, гласни, горди, несериозни и идеални за интервју.
Прашања? Еве ги:
На скала од „село“ до „селебрити“ – каде си сега?
Што би рекла баба ти ако те види на Инстаграм вака облечен/а?
Дали вака би добил „seen“ или „срце“?
Дали вака си повеќе за мажење или за бегање?

Секој одговор беше злато. Некој се расправаше со замислената баба, друг си додаде филтер во живо.
Камерата снимаше, луѓето се смееја, јас си мислев: ова е содржина за на Инстаграм (content).
Паралелен универзум
Додека ние ги прашувавме „селебрити“ прашањата, паралелно се случуваше уште еден универзум – оној на случајните минувачи.
На нив само едно прашање: На кој дел од свадбата си рече „Што се случува овде?“
Без пораки. Со присуство.

Ова не е апел за ништо. Не е повик за акција. Не е културен проект.
Ова е момент што вреди да се запише. Вредеше да се сними“.

Кликнете на видеото, кое на уникатен и креативен начин ја доловува Галичката свадба, а чиј опис гласи:
„Кога прашуваш нешто нетрадиционално во сред традиција – добиваш вистинско злато.
Галичник 2025.
Прашањата беа чудни.
Одговорите – уште подобри.
Гледај. Слушај. Смееј се. Размисли“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело