Ангела Ромевски: „На 12 години ми беше дијагностицирана леукемија, се изборив и сега на 30 години станав мајка“

Кога и како дозна дека си бремена? Дали забремени по природен пат и колку време по дијагнозата/излекувањето?

Дознав дека сум бремена на почетокот на минатата есен.

Природно забременив и точно после 16 години од целосно завршување на сите терапии во Македонија.

Дали имаше нешто што требаше да го направиш за да останеш бремена по болеста? Беше ли тоа во договор со лекар?

Пред да преземам каква било иницијатива, се советував со неколку доктори тука во Лондон.

Од сите добив позитивна поддршка и успеав да забременам апсолутно природно.

angela-romevski-na-12-godini-mi-beshe-dijagnosticirana-leukemija-se-izboriv-i-sega-na-30-stanav-majka-08.jpeg

Како се одвиваше бременоста? Како се снаоѓаш со бебенцето? Колку има сега?

За време на бременоста имав само тешкотии на почетокот, со гадење и повраќање, но беше кратко.

Низ цела бременост тренирав во теретана, одев на работа и бев доста активна. Со здрава храна и смирен начин на живот, успеав да ја поминам цела бременост со одлично здравје.

Ева има сега месец и половина и е најслаткото и најмирното бебе. Се враќам во својата првобитна кондиција и успевам во сè што правам.

angela-romevski-na-12-godini-mi-beshe-dijagnosticirana-leukemija-se-izboriv-i-sega-na-30-stanav-majka-07.jpeg

Колку те промени како личност болеста, но и тоа што се излекува и успеа да останеш бремена?

На свои 12 години станав возрасна личност од 20. Ментално многу брзо созреав, станав уште похрабра и самостојна.

Секогаш сакав да имам детенце и точно знаев кога. Никогаш не избрзувам со одлуки и секогаш си го слушав и телото и духот.

Колку сопругот ти беше клучна поддршка?

Личност којашто најмногу ми помогна во остварување на сите цели е Давид. Тој беше со мене и во добро и во лошо од самиот почеток.

Заедно сме во Англија и низ сите предизвици поминавме сплотени и уште посилни. Едноставно, тој ми е сродна душа!

angela-romevski-na-12-godini-mi-beshe-dijagnosticirana-leukemija-se-izboriv-i-sega-na-30-stanav-majka-06.jpeg

Примаш ли некаква терапија сега?

Сега не примам никаква терапија. Сега водам грижа сама за себе, тренирам, се хранам здраво и пробувам да живеам најквалитетно што можам.

Голема лекција ми беше минатото и сакам само да бидам подобра во иднина, во сè што правам.

Совет и порака до сите кои минуваат низ слична ситуација, но и за оние кои мислат дека е невозможно да добијат дете по дијагнозата?

Знам дека болеста може да ве сруши – не само физички, туку и емоционално.

Можеби чувствувате страв, тага, бес или безнадежност. Но, сакам да знаете дека не сте сами.

Постојат многу жени и мажи кои поминале низ слични предизвици и кои денес се родители, борци и жив доказ дека надежта постои.

Медицината оди напред, но и телото знае да нè изненади. Има различни патишта до родителството – некои подолги, некои трнливи, но секој чекор вреди кога се борите за нешто што го сакате од срце.

Верувајте во себе. Слушајте го своето тело. Побарајте второ мислење. И никогаш не престанувајте да се надевате.

Чудата не се секогаш спектакуларни – понекогаш доаѓаат тивко, кога најмалку очекувате.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Ангела Маслов: „Ќерка ми првите 6 години од животот ги мина на Алјаска, син ми се роди во Охрид - Зо... „Понекогаш ги гледам моите две деца и размислувам колку различни почетоци имаат....
Ангела (25) од Кочани: „Од 10 години готвам традиционален ручек за дома, рецептите и талентот ми се ... „Првите ручеци ги направив на 10 години, тава ориз, мусака... За мојата матурска...
Ангела Тасеска ги учи децата да ја сакаат природа: „Пајаците им се најинтересни, не им пречи да ја и... „Децата ме прашуваат дали сум видела рис, мечка, дали ќе сретнеме волк ако одиме...
Еден ден со Ангела, мајка на две деца до 3 години: „Денот ми започнува во 5h, немаме баби во Скопје“ „Сама сум често со двете деца, сопругот не дека не сака да биде со нас, туку так...
Љубовната приказна на актерката Ангела Д. Митровиќ и сопругот Дејан: „Ме запроси во фото-кабина во В... „Да бидам искрена, мене тој ми се допаѓаше од претходно, но го оставив сам да ми...
Ангела од Скопје, дипломиран радиолошки технолог: „Студирав и работев по 2-3 работи паралелно, како ... „За време на студирањето работев како келнерка, шанкерка, промотерка, радиоводит...

Најчитани неделава