Јелена Розга за CRNOBELO: „Уживам во љубовта со Иван, живееме убав живот“

„Пред некој ден на аеродромот во Сплит го влечев по мене куферот, а во главата ми одѕвонуваше „А мојот живот, игри без граници...“. Тоше го познавав и лично, и само ќе кажам дека беше прекрасен“, рече хрватската пејачка во интервју за CRNOBELO.com.

jelena-rozga-za-crnobelo-uzhivam-vo-ljubovta-zhiveeme-ubav-zhivot-so-ivan-01.jpg

Хрватската пејачка Јелена Розга неодамна беше во Скопје, каде што се дружеше со македонските новинари, a за да го најави концертот кој ќе се одржи вечерва (29.07) во Антички театар во Охрид.

Прво одговараше на нашите прашања, потоа ни пееше акапела во придружба на гитаристот од нејзиниот бенд, а на крајот даде и неколку интервјуа.

Времето поминато со новинарите повеќе личеше на приватен, интимен концерт на Розга, отколку на класична прес-конференција.

jelena-rozga-za-crnobelo-uzhivam-vo-ljubovta-zhiveeme-ubav-zhivot-so-ivan-02.jpg

„Ајде, што сакате да ви испеам? Бирајте песни, па да пееме заедно“ - рече таа, по што се нижеа некои од нејзините најголеми хитови од кариерата која трае скоро 30 години.

Мила, љубезна, позитивна, Јелена со широка насмевка одговараше и на прашањата за CRNOBELO.com.

Ни ја потврди врска со Иван, синот на Тончи Хуљиќ, кој е 11 години помлад од неа, ни ги откри тајните на негата и убавината, но и интересни моменти од нејзината кариера.

Прочитајте го интервјуто:

Кога во средината на 1990те почна да пееш во групата Магазин, дали очекуваше дека ќе имаш кариера која ќе трае скоро 30 години и ќе оди нагоре?

Во тоа време и не размислував за кариерата или за иднината, само сакав да пеам.

А бидејќи ми се исполни желбата да станам пејачка на „Магазин“, бев многу среќна.

Јас претходно играв класичен балет и во еден момент, додека работевме на песните од првиот албум, Тончи ме прашува: „А зошто престана да играш балет?“.

На ова му одговорив: „Затоа што веќе не бев среќна“.

Го гледам размислува, ама во тоа време и не го познавав толку добро. По неколку минути ме праша: „Што ако утре ти здодее и пеењето, што ќе биде тогаш? Еве, снимаме албум, ти си ни новата пејачка...“.

Му одговорив дека нема да ми здодее и дека сè додека чувствувам љубов кон работата, нема да престанам.

Како што минуваа годините, во својата глава си замислував големи сали, големи бини, солистички албуми, песни, но тоа се вртеше само во мојата глава.

Дури по околу 6-7 години пеење со „Магазин“, почнав вистински размислувам да си заминам од бендот, но тој ме убеди да останам за да снимиме уште еден албум заедно.

И среќа што го послушав, зашто на тој албум има огромни хитови - Dali znas da te ne volim, Kad bi bio blizu, Prorok, не знам кои сè не.

Потоа, во 2006-та паралелно работев на мојот прв солистички албум, а ги одработував и летните концерти со „Магазин“.

А кога ја почнав соло кариерата, колку и да одеше лошо, и колку луѓе доаѓаа на концертите, јас имав некаква своја визија и желба да направам сè што сум си зацртала.

jelena-rozga-za-crnobelo-uzhivam-vo-ljubovta-zhiveeme-ubav-zhivot-so-ivan-04_copy.jpg

Ти и понатаму работиш со Тончи, но, се сеќаваш ли каква беше неговата реакција кога му кажа дека веќе не сакаш да си дел од „Магазин“?

Тоа е природно. Јас не сум првата што му го кажа тоа - пред мене тоа го направија и Љиљана Николовска и Данијела Мартиновиќ.

На нас навистина ни одеше сјајно, многу работевме, имавме многу настапи, а јас некако во периодот кога прававме најголем бум, најавив дека си одам.

Тончи ме праша „Зошто да одиш баш сега, супер ти е овде?“, но јас сакав да дознаам дали вредам или тоа е само поради групата во која пеам.

Му кажав дека не се плашам, дека сум вредна и ќе се потрудам да создадам име за себе.

Секако, како што веќе спомнав, го послушав да останам уште малку, зашто тој знае како треба.

jelena-rozga-za-crnobelo-uzhivam-vo-ljubovta-zhiveeme-ubav-zhivot-so-ivan-05_copy.jpg

Првпат ќе одржиш концерт на Антички театар во Охрид, а и често си во земјава, па ме интересира, што те враќа постојано кај нас?

Публиката, луѓето. Кога ќе слетам на аеродромот, лицата во униформа секогаш ме пречекуваат со насмевка на лицето.

Така беше и вчера кога дојдов. Иако беше доцна во ноќта, сите имаа насмевка на лицето и се поздравивме како да се знаеме одамна, се прегрнувавме, а јас, секако, последна си заминав од аеродромот.

Ете, го сакам тоа - дружењето, љубовта што ја ширите и добрите луѓе, зашто јас единствено луѓето ги делам на добри и лоши.

jelena-rozga-za-crnobelo-uzhivam-vo-ljubovta-zhiveeme-ubav-zhivot-so-ivan-03_1.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Интервју со Горан Тонев, гитаристот од ДНК: „Благодарен сум на Бога – откако отворив очи тоа ми е гл... „Ми следат уште интервенции и третмани, како за изгорениците, така и за дишните ...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg