Јелена Розга за CRNOBELO: „Уживам во љубовта со Иван, живееме убав живот“
Три омилени работи од Македонија?
Луѓето, љубовта што ја чувствувам кога ќе дојдам тука, а не можам да ти ја опишам, и храната ви е превкусна.
Кога сум тука се чувствувам како да сум дома, опуштена сум, без оптоварувања.

Која ти е омилена македонска песна?
Многу се, но мојот одговор е Тоше и неговите песни. Не знам зошто, но последните неколку дена постојано си ја пеам „Игри без граници“.
Пред некој ден на аеродромот во Сплит го влечев по мене куферот, а во главата ми одѕвонуваше „А мојот живот, игри без граници...“.
Тоше го познавав и лично, и само ќе кажам дека беше прекрасен.

Лани ја изненади јавноста кога по подолг период во интервју рече дека веќе не си „соло играчица“. Уживаш ли во љубовта? Дали си среќна и исполнета?
Да, да. Уживам и среќна сум. Љубовта е нешто најубаво.
Убаво е... всушност убаво ни е, живееме убав живот, некако сè правиме пополека.

Како ја одржуваш фигурата и како го негуваш лицето?
Што се однесува до негата на лицето, многу сум одговорна.
Не се шминкам многу, дури и не сакам шминка на себе, веднаш ја вадам штом завршам со настап, фоткање, интервју.
Постојано ставам креми, во Загреб одам на разни третмани во една наша приватна клиника за нега и убавина.
А во однос на линијата, првенствено станува збор за генетика, но јас сум некој што цел живот тренира, па кога одам на тренинг, стварно добро ќе извежбам, понекогаш вежбам и дома - малку јога, малку стомачни, а и 100 на саат сум, не знам да седнам.
Во секој случај, внимавам на себе.

Каква е Јелена зад затворени врати, кога никој не ја гледа?
Баш ваква каква што сум сега пред тебе, иста ваква. Многу ретко знам да повишам тон, но само кога нешто многу ќе ме вознемири, но се трудам поради здравјето да не се нервирам.
Ама, да кажам и дека не држам ништо во себе, ако нешто ми пречи секако дека ќе кажам, зашто премолчувањето не е добро за здравјето.
Но, ваква сум - весела, имам и тажни денови па знам да се расплачам - иста сум како сите други луѓе.

Прочитајте и „Фановите мислат дека“ со... Јелена Розга: „Сакам помлади мажи“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
