„Фановите мислат дека“ со Јелена Розга: „Сакам помлади мажи“
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
„Иако не пијам, јас сум највесела кога сум излезена. Проблем е што сите други во друштвото пијат и јас сум им идеална, па си мислат ‘Е супер, Розга ќе нè вози. Но, имаат голем проблем, зашто Розга нема возачка“ - откри хрватската пејачка за CRBNOBELO.com.

Хрватската ѕвезда Јелена Розга неодамна беше во Скопје, каде што во опуштена атмосфера, со кафе и многу песна, се дружеше со македонските новинари.
Но, Јелена одговори и на неколку кратки прашања на CRNOBELO.com, a се всушност претпоставки на нејзините фанови за неа.

Па така, Јелена го потврди нивното мислење дека сака помлади мажи, а демантира дека станува рано и вели дека сака да си поспие (па и да задоцни некаде зашто се успала).
Кои други интересни работи ни ги кажа Јелена Розга, погледнете во видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
