Стефани Христов: „По 30 негативни тестови, вонматерична бременост, неуспешно ин витро, забременив природно на одмор“
Сега велам дека нема право време за дете и дека нема правила.
Бидејќи штом одлучивме повторно да се обидуваме дојде вакцина, па докторите препорачуваа да по примена доза 3-6 месеци не се обидуваш и така времето си леташе, дур се свестиш поминала уште цела година.

По некое време обидување, решивме да се испитаме. Бевме на 4 различни мислења и ни беше кажано дека природно нема да добиеме дете, затоа најдобра опција е да пробаме ин витро.
Само еден од сите доктори, кој е веќе во пензија, нè советуваше да продолжиме природно да се обидуваме, но ние започнавме со бројни испитувања и процедури за да аплицираме за ваучер за ин витро.

Инаку прво се прават 3 инсеминации, па потоа ако не се успешни се оди на ин витро, но за нашиот случај добивме потписи дека може да ги прескокнеме тие инсеминации и веднаш да одиме на ин витро.
Испитувањата во најголем дел и процедурите кои треба да се направат се на жената и одземаат време.

Откако по неколку месеци ги завршивме, подадовме документи во ден петок, крај на ноември.
Веќе во вторникот јас мислејќи дека имам циклус завршив на интензивна нега од преобилно крвавење.
При првото ехо таму не забележуваат плод, но докторката ме праша која недела сум бремена.

Јас им објаснив дека ние се подготвуваме за ин витро и дека не сум бремена, но таа ме испрати во лабораторија да ми земат крв, бидејќи тоа било најсигурен показател за рана бременост.
По 2 часа лаборантот ми рече дека ми се готови резултатите да влезам кај докторката на преглед.
Зборовите кои ме шокираа: „Девојко трудна си, ама не ти честитам додека имаш спонтан“.
