Жанета Манчева (21): „Дојдов на сезонска работа во Хрватска, но останав цела година, локалците нè ценат“
- Детали
- петок, 05 септември 2025
„Имав во план да дојдам во Хрватска за само сезонски да работам и да се вратам, но ми се допадна овде и останав. Во Хрватска сум веќе година и 2 месеци“, вели Жанета Манчева (21) која работи во ресторан во Опатија, каде менаџерот е Македонец, а работат и уште 6 други Македонци.

Жанета Манчева (21) по образование е техничар за дизајн на облека, но моментално работи во сферата на угостителство во Хрватска.
За своето искуство таму, таа споделува за CRNOBELO.com:
„Работата со угостителство дојде сосема непланирано.
Имав во план да дојдам во Хрватска за само сезонски да работам и да се вратам, но ми се допадна овде и останав.

Во Хрватска сум веќе година и 2 месеци.
Не ми е првпат да работам во оваа земја. Тука бев на една сезона пред две години, но тогаш се вратив во Македонија по завршувањето на сезоната.

Овде, каде што работам, има многу Македонци, а некои од нив се овде повеќе и од 10 години.
Од страна на Хрватите сме многу добро прифатени.

Моите први впечатоци кога дојдов овде во Опатија беа прекрасни.
Опатија како град сам по себе е прекрасен, овде народот е мирен и гостопримлив.

За работа контакт ми даде еден мој пријател од неговата мајка, која работи овде повеќе од 5 години, па така добив број од менаџерот на еден ресторан, кој е наш, односно е Македонец и овде работи повеќе од 12 години.

Работа овде има скоро секогаш и затоа рестораните работат и преку зима, не се само сезонски.

