Љубовната приказна на Јоце Панов и Марина: „Ја забележав на мој настап, ме освои со скромноста и ненаметливоста“

Раскажи ми некој интересен момент од свадбата што ќе го паметиш засекогаш...

Најинтересно беше тоа што нашата свадба се претвори во вистински концерт, ама со срце.

Голем дел од гостите беа од естрадата, па на крај испадна како фестивал полн со емоции.

Секој се фаќаше за микрофон, пееше, свиреше, спонтано, од душа.

Свадбата ни беше полна со музика, смеа и искрени емоции и токму тоа ми е најдраго: што не беше свадба по протокол, туку совршена по енергија.

Најинтересно е што за време на самата свадба се снимаше спотот за песната која ја снимив во име на нашата љубов „Денес љубовта победи“.

ljubovnata-prikazna-na-joce-panov-i-marina-ja-zabelezhav-na-moj-nastap-me-osvoi-so-skromnosta-i-nenametlivosta-08.jpg

Имате син... Колку неговото раѓање ви ја зацврсти љубовта?

Да, во 2019 година се роди нашето синче Лука, кој во декември ќе полни шест години.

Верувам, секој родител ќе се согласи дека раѓањето на еден нов живот е нешто што тешко се опишува со зборови.

Стана јасно дека веќе не сме само двајца, туку тим што заедно гради нешто поголемо од себе.

И не значи дека сè е лесно - има умор, нови предизвици, ама кога ќе го видиш детето како расте со вашата љубов околу него, тогаш сфаќаш колку сте силни заедно.

Тоа ни даде нова димензија на блискост, почитување и благодарност еден кон друг.

Оваа година имаме нов предизвик, нашиот Лука е прваче. Баш овие денови сме во период на адаптација на новата средина, а Лука одлично се прилагоди.

Во принцип тој е едно многу љубопитно детенце, кое сака да се дружи, да истражува. Јас и сопругата сме многу среќни поради тоа.

ljubovnata-prikazna-na-joce-panov-i-marina-ja-zabelezhav-na-moj-nastap-me-osvoi-so-skromnosta-i-nenametlivosta-05.jpg

А кој е поромантичен - ти или таа? Која е најубавата романтична работа што си ја направил за сопругата?

Секако дека сопругата. Искрено, не сум воопшто романтичен тип. Далеку сум од оние класични романтичари.

Да, знам да приредам изненадување без причина и повод и за мене, романтиката можеби повеќе е во вниманието кога најмалку се очекува и тоа навистина знам да го практикувам.

ljubovnata-prikazna-na-joce-panov-i-marina-ja-zabelezhav-na-moj-nastap-me-osvoi-so-skromnosta-i-nenametlivosta-04.jpg

Колку години сте во брак? Како денес ги одржувате љубовта, страста, почитувањето?

Во брак сме веќе осма година. Љубовта, страста и почитувањето не се нешто што се случува еднаш и трае засекогаш, тие се негуваат секој ден.

Со сопругата учиме постојано да се слушаме, да си даваме време еден за друг, и покрај динамичниот живот и обврските.

Страста ја чуваме преку мали, искрени гестови, не мора да биде нешто големо, понекогаш доволен е еден поглед, една песна или време поминато заедно без телефони.

Почитувањето доаѓа од тоа што секој од нас знае дека е поддржан, слушнат и ценет.

А љубовта... таа расте кога има благодарност и за малите и за големите моменти.

Не е секогаш лесно, но кога постои вистинска поврзаност, сè друго се гради врз тоа.

ljubovnata-prikazna-na-joce-panov-i-marina-ja-zabelezhav-na-moj-nastap-me-osvoi-so-skromnosta-i-nenametlivosta-06.jpg

Што, според тебе, е важно за успешен брак?

Верувам дека за успешен брак најважни се искрената комуникација и поддршката.

Особено во мојата професија, каде што има многу патувања, настапи и понекогаш непредвидлив распоред, од клучно значење е да имаш партнер со кого можеш отворено да зборуваш за сè, без осуда.

Исто така, меѓусебното разбирање и почитување на различностите е многу важно, не сме секогаш на иста бранова должина, но кога има љубов и волја, сè може да се надмине.

За мене, бракот не е само љубов, туку и партнерство, тимска работа, па дури и пријател.

ljubovnata-prikazna-na-joce-panov-i-marina-ja-zabelezhav-na-moj-nastap-me-osvoi-so-skromnosta-i-nenametlivosta-11_copy.jpg

Прочитајте и „Сум сменил пелена 2-3 пати, Лука е убав на сопругата, а таа ќе го воспита во чесно момче“ – Јоце Панов за татковството

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg