Александар Динев за родното Балинци, валандовско: „Мирисот на ајвар во дворот на баба ми е посебен“
Следен на листата е манастирот „Св. Ѓорѓи“. Кога ќе дојдеше викенд, секогаш се договаравме, одиме таму.
Пешачењето до манастирот беше цела авантура. Два часа одење во едната насока, со смеа, разговори и понекогаш трчање по патот.
Кога ќе стигневме горе, нè чекаше парк со зелени тревници, маси за пикник и сенки од дрвја под кои седевме и се одмаравме.
Таму се чувствувавме како да сме „на врвот на светот“. Иако уморни, бевме среќни.
Тоа качување ни беше и спорт и дружба, но пред сè, место каде се создаваа спомени што и денес ми ја полнат душата.


Центарот во Валандово е петтото место кое ми буди убави спомени во родниот град.
Ако сакам да зборувам за младоста, тогаш мора да го спомнам центарот на Валандово.
Тоа беше нашето место за собирање, за дружба, за сите мали и големи приказни.
Најмногу време поминував во кафулето Infinity.
Кога бев средно, после часови одевме таму, седевме на кафе, кока-кола или цеден сок, а најубаво беше кога ќе се избегавме од последен час за да стигнеме порано.
Таму „паѓаа“ најголемите вести - кој со кого се бакнал, кој со кого раскинал, кој кого изневерил.
Сега ми е смешно, но тогаш тоа ни беше најголема окупација.
Иако денес не сум по трачеви, тие разговори останаа дел од младоста што не се заборава.


Овие пет места за мене не се само локации, тие се мирисот на ајварот кај баба, првата возбуда од школскиот ден, прашината од игралиштето, заморот и радоста од качувањето до манастирот и бучавата од кафулето во центарот.
Тоа е моето Валандово, тоа е моето Балинци… мојот дом и мојата приказна“.


Погледнете го видеото што Александар го сними на игралиштето:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
