Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ посакувам ваков маж“
Со Предраг сме луѓе што си ги почитуваме нашите животи, никој никого не прашал каде оди, зошто оди, колку време ќе го нема.
Нели, нашата професија е таква - после претстава остануваме, може да останеме и до утрински часови, а никој никому не замерил до сега.
Довербата е цврста и мислам дека имаме еден многу добар брак, и ретко, да кажам, со слога, зашто имаме доверба еден со друг, се почитуваме, се сакаме, а Предраг освен што многу ме нервира понекогаш (ха-ха) е извонреден човек.

Ние не сме два остри камења, на пример. Јас сум таа што ги влече работите, авантурист сум, сакам да патувам сегде, да патувам дури и сама, по Европа, ако ми речат вечер да тргнам, јас ќе тргнам.
Кај него е малку поинаку, тој е топ ‘чекај да видам, полека’. И тоа е она што велам - не сме два остри камења, и затоа функционираме најверојатно.

Предраг е романтичен само кога одиме на Мљет, зашто има риби на скара и вино.
Иначе не е од тие типови кои се по романтика, поконкретен е за некои работи, ги обмислува работите, не се препушта.
Јас, ако сакам сега да уживам, баш ми е гајле што се случува, јас едноставно ќе си го изнауживам моментот.
И ако сум во најголема работа, ако речат да патуваме, јас престанувам со работа и може да тргнеме. Затоа сме различни и затоа се слагаме.
Романтичен е кога треба да извади пари од мене, кога треба нешто да му дадам (ха-ха).

Најважно е што е хумористичен. Јас не можам да бидам со тип кој нема хумор у себе.
Така беше и со првиот маж и со Предраг. Значи, мора да има хумор, инаку јас не можам да живеам со друг тип на човек.
Инаку, на секоја ќерка, на секоја жена ѝ посакувам маж како Предраг“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
