Спектакуларна свадбена торта од 1.5m, направена во Битола, со 1.000 мали кристалчиња, осветлени со LED сијалички (фото)
На тој начин добивме дел од тортата што изгледа раскошно, со впечатлива длабочина и движење.
Меѓу два ката поставивме 1.000 мали кристалчиња, осветлени со LED сијалички, кои блескаа со неверојатен сјај и создадоа магична атмосфера.

Мали и поголеми бисери беа внимателно наредени на сите нивоа на тортата, совршено надополнувајќи го нејзиниот гламурозен изглед.
Ја изработивме во нашето студио во Битола, а потоа ја транспортиравме во неколку делови до ресторанот во Скопје.

Таму, со голема прецизност и внимание, дел по дел ја составивме и финално ја наместивме.
Најмногу време ни одзеде поставувањето на кристалчињата, бидејќи беа во голем број и бараа голема внимателност.

Невестата беше пресреќна и презадоволна. Ни рече дека тортата била поубава од тоа како си ја замислувала.
А за нас – тоа е најголемата награда“.


Прочитајте и Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 метри, бисери и логоа со имиња (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
