Данче Серафимова: „Синот Костадин го изгубив по 26 дена живот, поради голтање заматена плодова вода и срцеви проблеми“

„По вторпат останав бремена кога првиот син Ѓорѓи имаше 8 месеци. Прегледите ги вршев во Струмица, сè беше уредно по ехо... Сè до моментот кога го родив. Плодовата вода беше заматена, тој имаше голтнато од неа и беше испратен итно во Скопје, каде кога го прегледаа на ехо, видоа дека има отворено комора и преткомора...“, споделува Данче Серафимова (30) од Струмица, која денес е мајка на две деца и на едно ангелче.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-01.jpg

Данче Серафимова (30) од Струмица по образование е градежен инженер, а работи како професор во средно стручно училиште во Струмица.

Веќе 6 години е во брак и е мајка на Ѓорѓи (5), Давид (2) и Костадин, кој денес би имал 4 години, но почина на само 26 дена старост.

За компликациите при породувањето, како и проблемите со срцето на Костадин, Данче ја сподели својата приказна за CRNOBELO.com.

Приказна за траума, тага, болка, немоќ, но и приказна за истрајност, одново раѓање, сила, храброст и растење.

Но, пред сè приказна за една храбра мајка, за еден мал ангел и за еден цврст брак.

Данче Серафимова споделува за CRNOBELO.com:

На која возраст го изгуби синот Костадин и од што?

Костадин беше моја втора бременост. Првата бременост беше уредна, се породив по природен пат, Ѓорѓи го родив на почеток на 42 недела, 10 дена после последниот датум по гестациска недела.

Породувањето беше нормално, со болки, се породив прилично брзо, Ѓорѓи се роди 4.300g.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-10.jpg

По вторпат останав бремена кога Ѓорѓи имаше 8 месеци.

Прегледите ги вршев во Струмица, сè беше уредно по ехо, судејќи можеби и по првата бременост дека сè беше во ред, некако како да се подразбира дека и втората бременост е во ред. 

Сè до моментот кога го родив.

Костадин се роди на 4.09, сабота во 03.15 минути по полноќ, исто природно и доста брзо.

Меѓутоа кога го видоа, плодовата вода беше заматена, тој имаше голтнато од плодовата вода и веднаш беше аспириран, ставен во инкубатор.

Поради тоа што имаше голтнато вода и на рендген беше видено дека треба да се интервенира во Скопје.

И така во 10 часот утрото со брза помош беше префрлен во Скопје. Поради голтањето на плодовата вода, имаше бактерија, која се исчисти, но беше во инкубатор сè уште.

Кога го прегледаа на ехо, видоа дека има отворено комора и преткомора, нешто што не беше видено на ехо за време на бременоста.

По две седмици, фати сепса и беше тешко да се исчисти крвта поради отворените комори.

Сè до 30.09, 2 часа по полноќ, да го изгуби животот од срцев удар.

Лекарите во Скопје, направија сè што можеа и беа грижливи и професионални. Едноставно така требало да биде.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-06.jpg

Колку често ти престојуваше во болница тој период? Го сметаш за вродена состојба или компликации при породување?

Немаше компликации при породување, сè беше во ред, единствено тоа што заматеноста на водата, не се виде на ехо.

Можеби ако се видела, ќе се породев порано, па немало да биде така, ама којзнае.

Во болницата не можев да престојувам, Костадин беше сместен во инкубатор во шок-соба ми се чини и беше забранет влез за родители.

Но, одевме еднаш неделно, мене ми дозволуваа да влезам на една минута, да го видам.

Имавме можност да се јавуваме на телефонски број, двапати во денот, наутро и навечер, да се информираме дали има напредок, резултати од испитувања и слично.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-07.jpeg

Како се преживува ваква траума? Што те спаси, како продолжи понатаму?

Велат „Сонцето пак ќе изгрее и кога ќе нè нема“. Тогаш кога го загубивме Костадин, Ѓорѓи беше 1 година и 5 месеци и едноставно мораш да продолжиш.

Во тој момент за загубата не си ни свесен можеби што се случило и што те снашло, тогаш си на некој начин во состојба на преживување и си парализиран, некако немаш капацитет да го процесираш тоа што се случило.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-09.jpg

Настаните потоа и тоа кој стануваш ти, како последица од загуба на едно дете, е тоа што е животот.

По загубата некако кога стануваш свесен дека животот продолжува всушност ја согледуваш смислата на животот, патот на душите, зошто сме ние тука на земјата.

По два месеци од загубата јас почнав да работам со терапевт за да не поминувам низ мојот процес сама. 

Терапевтот ми помогна да ја исцелам својата рана, да станам свесен човек и ми донесе да видам сè тоа што сум и што можам да бидам.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кристијан и неговиот тим ја направија најобемната македонска игра – Скопје 83: „Почнавме во 2019-та,... „Скопје во нашата игра не е идентично секако, но е длабоко инспирирано од вистин...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Елизабета Ристовска: „На градата си открив вдлабнатинка со грутче, помислив рак - што ќе прави ќерка... „Првото прашање по дијагнозата што ми се моташе во глава беше што ќе прави Дорот...
Ердован и Емине од прилепско се занимаваат со земјоделие: „Во лето стануваме и во 1 по полноќ за бер... „Најголем предизвик е тоа што ги вложуваш парите и не знаеш колку ќе заработиш. ...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Љубовната приказна на Ведрана и сопругот Андрија: „Првата порака ми ја остави на 'seen', по една и п... „Кога се видовме во Охрид следната година, ми кажа дека раскинал со девојката, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg