Данче Серафимова: „Синот Костадин го изгубив по 26 дена живот, поради голтање заматена плодова вода и срцеви проблеми“

Дали поголемиот син ти беше најголемиот мотив? Како нему му ја објасни загубата?

Ѓорѓи беше премал за да сфати што се случи. Јас го родив Костадин во 3 часот наутро и истиот ден во 14 часот ја напуштив болницата.

Не бев многу отсутна, тој тогаш уште не зборуваше, но знам дека чувствуваше.

Во моментот кога Костадин доби срцев удар Ѓорѓи стана и нè држеше будни два часа. Толку колку што и докторите се бореле да го спасат.

Никогаш другпат, ниту пред, ниту потоа, не се будеше во текот на ноќта. Мислам дека чувствуваше и знаеше, но секако не можеше да објасни.

До ден денес не знае, но здравје кога ќе дојде време ќе им кажеме на двајцата.

Децата се најголемиот мотив, сигурна сум дека ќе било сосема поинаку ако моето прво дете бил Костадин, но тоа што имав веќе друго дете на кое му бев сè значеше дека морав да бидам добро, за него.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-17.jpg

Сакаш ли да зборуваш за него и за овој период од животот? Или и споменувањето само на името ти причинува болка?

Сакам да зборувам на темата, иако тоа е голема стигма. Има голем процент на жени кои доживуваат загуба на дете.

Абортусот е исто така загуба. Но, некако за тоа не се зборува, така останало.

Јас можам да кажам дека бев смела и храбра бидејќи зборував на Инстаграм за мојата загуба, како го надминав тоа, цел мој процес со задоволство го споделувам бидејќи знам дека на некој ќе помогне.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-18.jpg

Колку загубата беше потрес за твојот брак? Дали ве разниша или ве зацврсти – заедно во болката?

Загубата на дете е еден многу тежок и голем процес. Нема поголема болка за родител од загуба на дете.

Оваа загуба е колективна и индивидуална. Сите ние сме различни и на различен начин процесираме, па за нас двајцата загубата имаше различно значење.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-12.jpg

Секако дека се руши сликата. 9 месеци си планирал како ќе имаш бебе, се спремаш, како ќе расте со баткото, и наеднаш таа слика ти се руши.

Нормално е да се разниша цела слика, имавме навистина тешки моменти, да не кажам години.

Знаете, не може никој да разбере што не доживеал. И пак тоа за секој е различно.

Ние како луѓе некако имаме и отсуство на емпатија и како да не знаеме да се однесуваме кога ќе сподели некој за загуба.

Сите викаат „Ајде млади сте, ќе имате друго“. Но, ниедно друго нема да го заземе местото на тоа второто. И е загуба.

Загубата на Костадин ни го зацврсти бракот, нè наведе на тоа да се запознаеме подобро, да се разбираме подобро, да се почитуваме повеќе и да сфатиме дека секој има свој процес на исцелување на болката.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-02.jpg

Што ти беше издувен вентил во најтешкиот период?

Дишењето. Земање длабок здив повеќепати околу 10 минути, ми помагаше.

Пешачев, музика. Плачење исто така.

danche-serafimova-sinot-kostadin-go-izgubiv-po-26-dena-zhivot-poradi-komplikacii-pri-poroduvanje-i-problemi-so-srceto-04.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Светлана од Кривогаштани прави портрети со коса: „Не мислев дека е нешто посебно додека не се видов ... „Портретите имаат краток век на траење, бидејќи ги изработувам на подот во салон...
Антониа Гиговска за новиот албум: „Роберт го замисли целиот проект, круната е за него - Киан ја обож... „Имаше многу интересни моменти на снимањата, па на спотот за „7 дена, 7 ноќи“, с...
Љубовната приказна на актерката Ангела Д. Митровиќ и сопругот Дејан: „Ме запроси во фото-кабина во В... „Да бидам искрена, мене тој ми се допаѓаше од претходно, но го оставив сам да ми...
Дијана Мариновска, детски физијатар: „Паткањето на децата е најголем проблем, но и погодувањето број... Разговараме со м-р Дијана Мариновска детски физијатар за грешките на родителите ...
Ненад од Куманово има уникатен бургер-бар во Белград: „Најскап е вегетаријанскиот, бургерите со виск... „Гостите се шегуваат дека сум вистински претставник на поранешна Југославија - М...
Мила Србиноска (15) наша шампионка во танц: „Првпат освоив европска титула на 6 години, костимите ми... „Тренирам од 3 години. Сум пропуштила многу родендени, семејни прослави и дружби...

Најчитани неделава