Катерина Шехтанска за стилот и убавината: „Не одам никаде без патики, со балет и фастинг лесно го намалив вишокот килограми“
- Детали
- недела, 12 октомври 2025
„Имам среќа што брзо симнувам килограми, иако, брзо и качувам. Од никаква храна не се лишувам, јадам сè, а најмногу месо и благо, и тоа во големи количини, за жал. Омиленото јадење што знам да го подготвам одлично е паста на 1001 начин“, вели Катерина Шехтанска, која ни ги откри и своите рутини за нега на лицето, вежбањето, но и тајните на својот моден стил.

Кога и да ја видите Катерина Шехтанска таа блеска.
Оваа актерка балерина и водителка е жена која има талент за сè. Неодамна наполни 45 години и изгледа одлично.

Вели, тоа се должи делумно на балетот кој го вежба од дете, зашто во последно време желбата за вежбање ѝ варира - некогаш оди, а некогаш не оди на вежбање.
Од омилената храна не се лишува, знае да подготви паста на 1001 начин, а гардероба купува повеќе за децата, па ја „краде од нив“.
За изгледот на сцена и дома, за дневните ритуали за нега ни лицето, како и за нејзината исхрана, Катерина ни откри во разговорот за CRNOBELO.com.

Стил на облекување
Немам некој посебен стил, се облекувам секогаш по потреба и расположение (а некогаш што прво ќе начекам во плакар).
Повеќе сум спортски тип, со патики, хеланка, тренерка и едвај чекам момент за штикла и дотеровка.
Најчесто купувам глупости кои воопшто не ми се потребни, повеќе купувам за децата (дека носам од нив), а за себе ретко.
Без патики не одам никаде и без фармерки.
Не можам да кажам што никогаш не би облекла, затоа што професијата ми налага некогаш да носам сè и сешто, затоа што не се мешам во изборот на костимографите.
Немам омилено парче сè уште.


