Христијан Проданов среде поплавите во Виетнам за CRNOBELO: „Дојдов на турнир во билијард, чекорам во вода до глуждови“
Можеби не се такви со сите, но ова е моето искуство уште од првиот момент кога стапнав во Виетнам.
Ретки се тие што зборуваат англиски, но живееме во време на технологија така што Google Translate си ја врши работата.

Виетнам е прилично евтин кога станува збор за локална храна.
Порција Фо е 60-120 денари, што е сосема доволно за еден оброк. Има места што се поскапи, меѓутоа сè зависи од амбиентот и автентичноста на местото.

Бев во еден локал каде во 2016-та бил и претседателот на САД, Барак Обама, и каде имаат направено мени според тоа што тој го јадел.
Порција Бун Ча, пржено стапче, стапче со морски плодови и пиво. Тоа задоволство чини 130.000 виетнамски донга, што би било околу 250 денари.

Кафето се движи од 40-60.000, што во превод е околу 60-100 денари. Кокос на улица 120 денари, свежо овошје 100.
Секако, постојат и поскапи места, но автентичноста е на улица.

Таксито е преевтино, буквално се поминуваат 10-15 километри со автомобил и сето тоа чини 150-200 денари.

Тука сум 9 дена, три од кои сум на турнир, а другите ќе ги искористам за запознавање со културата и градот. Сега за сега сум воодушевен, изненаден, зачуден.
Ова е нешто што дефинитивно треба да се искуси, не е за раскажување.


Прочитајте и Христијан Проданов, суперхеројот од нашите маратони: „Аквамен ми беше омилен, а дечињата ми се најголеми фанови“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело