Љубовната приказна на фудбалерот Александар Трајковски и Александра од Србија: „Имавме 2 свадби, живеевме во 5 држави“
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2025
„Александар го запознав во 2008 година, на летување во Црна Гора, па дојде во Србија за да ме види. Кога започнавме врска бевме многу млади, а самата далечина беше голем предизвик, но денес сме 12 години во брак и имаме 2 деца“, вели Александра Трајковски (34) од Шабац за бракот со нашиот фудбалер Александар Трајковски (33).

Александра Трајковски (34) од Шабац, Србија, која има завршено медицинско училиште за гинеколошко-акушерска сестра е во брак со нашиот фудбалер Александар Трајковски (33) од Скопје.
Тој со фудбал започнал да се занимава на 16-годишна возраст. Во моментов нема потпишано со ниту еден клуб, а последно играше за клубот „Хајдук“ во Хрватска.
Парот е во брак 12 години и имаат две деца.
Александра со децата веќе 4-та година живее во Македонија. Дотогаш живееле во Белгија, Сицилија, Шпанија и Данска, а патувале често во Хрватска додека Александар играл за „Хајдук“.
Александра за CRNOBELO споделува детали за нивната љубовна врска:
„Александар го запознав во 2008 година, на летување во Црна Гора, каде што првенствено бевме пријатели.
По враќањето од летувањето, изрази желба да дојде во Србија за да ме види. Тогаш започнавме врска.

Бевме многу млади, а самата далечина беше голем предизвик за нас.
Поминаа 17 години откако се запознавме.

Оваа година славиме 12 години брак, заедно со нашиот син и ќерка.

Ме запроси на семејна вечера, на 1-ви септември 2013 година. Истата година се венчавме во матично, а две години подоцна направивме свадба.

Одлучивме да направиме две свадби. Првата беше во Србија. Неговите најблиски дојдоа по мене, таму прославивме, а вечерта сите заедно заминавме за Македонија.

Црковната венчавка се одржа во Скопје, седум дена подоцна.
Што се однесува до обичаите, нема големи разлики. Се потрудивме максимално да ги испочитуваме сите – и во Србија и во Македонија.
