Љубовната приказна на фудбалерот Александар Трајковски и Александра од Србија: „Имавме 2 свадби, живеевме во 5 држави“
Ова е четвртата година како со децата живеам во Македонија. Дотогаш живеев во Белгија, Сицилија, Шпанија и Данска… Александар до неодамна играше во Хрватска, па често патувавме таму.

Секоја држава е убава на свој начин и вреди да се посети. Местото за кое најмногу сум емотивно врзана е Палермо. Секогаш ќе ми биде број еден.

Во Палермо, Сицилија, го родив синот, стекнав многу пријатели со кои и денеска сме во контакт. Тоа место има посебна енергија.

Дефинитивно, Палермо е место каде секогаш би се вратила.

Многу брзо се прилагодив на животот во Македонија. Искрено, никогаш не сум се чувствувала како странец овде.

Животот во другите земји ме научи да бидам прилично прилагодлива и самостојна. Стекнав многу пријатели кои ми се голема поддршка.
