Љубовната приказна на фудбалерот Александар Трајковски и Александра од Србија: „Имавме 2 свадби, живеевме во 5 држави“
Во меѓувреме, отворив и детска игротека, така што мојот круг на луѓе значително се прошири.

Да се разбереме – совршен живот не постои никаде, но лично, овде ништо не ми претставува проблем.

За многумина, „сопруга на фудбалер“ асоцира само на патувања, шопинг, козметички салони итн… Но, за мене, животот е апсолутно ист како и на секоја друга жена, чиј маж има поинаква професија.

Секако, сите ние ги сакаме тие работи, но за мене приоритет се децата - сè друго е споредно.

Во моментов Александар нема клуб, па го надоместува сето пропуштено време со нас.

Обично, ден претходно си го организираме денот што следува. Нема некоја посебна поделба околу обврските, но се подразбира дека јас сум задолжена за куќата, ручекот, средување на децата, а тој за возење и помош околу домашните задачи.

Секако, кога го нема, целата организација паѓа на мене, па сега го користам максимално (ха-ха)“.
Прочитајте и Запознајте го семејството на Александар Трајковски, фудбалерот кој го даде историскиот гол против Италија (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело