Миро Кацаров ја обожава ќерката на сопругата од првиот брак: „Ја запознав Миа на 2 години - денес сме неразделни“
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
„Миа ја сретнав првпат неколку месеци откако почнавме врска со Ивана, имаше 2 и пол години. Ивана се врати од некој пат, и јас бев да ги пречекам со кола. Миа јадеше бонбони во колата, лом ми направи. Беше симпатично дете, ме гледаше во очи, ѝ беше чудно“, вели Миро Кацаров за CRNOBELO.com за првата средба со ќерката на неговата сопруга, која ја обожава.

Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана, наскоро ќе станат родители на нивното прво заедничко дете.
Тие ќе добијат момче за кое веќе го избраа името Тадеј.

Но, за татковството и како треба да се грижи за детето, Миро научи многу работи од порано, во последните три години, колку што е во неговиот живот Миа, ќерката на Ивана од првиот брак.
Миа денес има 6 години и Миро често знае да каже дека таа е „татина љубов“, се грижи за неа, ја разгалува и вели дека се неразделни.

За CRNOBELO.com, Миро открива дека Миа знае да каже дека има „двајца татковци“, а дека тој самиот има нормален однос со биолошкиот татко на поќерката.
За првите средби со Миа, но и првиот пат кога требал сам да ја чува, како ја разгалува и со што го освоила, Миро раскажува со многу емоции во интервјуто:

За Миа секогаш велиш дека ти е „ќерка“... Дали од вашето запознавање почувствува татковска љубов или таа се роди со текот на времето?
Многу беше тешко на почетокот. Миа си има биолошки татко, кој секогаш ќе ѝ биде тоа.
Нашето прво запознавање беше во Сити мол, и почувствував љубов, а љубовта нема граници.
Татковска љубов не може да почувствуваш одма затоа што гледаш едно мало, прекрасно, најубаво дете на цел свет од 2 и пол години, кое е толку многу нежно, мило и личи на пердув, што не можеш, а да не почувствуваш љубов без граници, дека треба понатаму да се грижиш за неа, да ѝ бидеш столб, планина, да може да се потпира на тебе.
Но, Миа знае дека има биолошки татко и очув, или како што знае да си каже таа, „двајца татковци“.
Љубовта е огромна, а таа го приметува тоа.

