Никола од Скопје и Нардос од Етиопија: „Се запознавме на Фејсбук во христијанска група за самци, се венчавме во Бигорски“
Беше доцна, околу 4 часот наутро. Се сместивме таа во една, а јас во друга соба.
И утрото ден излеговме да се видиме и да се запознаеме убаво. Пиевме кафе, јадевме етиопско јадење Инџера...

Третиот ден од нашата прва средба лице во лице ја запросив во православна црква на Богородица во Адис Абеба.

Кажа „Да“. Бевме многу среќни и двајцата. Поминавме многу убав период заедно кога бев таму првиот пат.

Но, дојде време да си одам и да се разделиме привремено.
Беше многу тешко за двајцата. Но после 3 и пол месеци пак отидов во Адис и седев 3 месеци.

Тука излегоа проблеми со нејзините, фамилијата, поради далечината, разликата во културата итн.
Ама ние не дававме да ни се меша никој и затоа успеа нашата љубов, бидејќи јас и таа бевме на прво место, а фамилиите наши ги оставивме на страна.

Се запознав и со нејзините, па после некое време некако ме прифатија, ама имаше уште проблеми и несогласувања и не сакаа да ја пуштат да оди во друга земја.
Не сакаа да е е далеку од нив.
Ама не попуштивме и на крај прифатија.

