Ева Јакимовска, уредник на „Бекстејџ“: „Добивавме закани да не објавиме дека се разведува македонски пар, иако сè беше потврдено“

Екипата се менуваше низ годините... колку секој од нив внесе свој личен печат и помогна да се создаде идентитетот на емисијата?

Ова никогаш не бил проект на една личност, тоа отсекогаш било тимска приказна.

Точно, низ екипата поминаа многу луѓе, секој со своја енергија, свој стил, свој допир.

Некои останаа подолго, некои беа дел од само една сезона, но сите без исклучок оставија белег.

Секој придонел на свој начин, некој со идеја, некој со креативност, некој со дисциплина, некој со хумор.

Од првите новинари и сниматели, до денешната генерација, сите тие луѓе се дел од она што денес го нарекуваме „Бекстејџ“.

Токму тие различни генерации го создадоа идентитетот што го имаме денес динамичен, вистинит и препознатлив. И кога ќе се свртам назад, чувствувам само благодарност.

Не би биле тоа што сме без сите тие луѓе кои низ годините вложија дел од себе.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-10.jpeg

Секоја година доделувате награди на своите родендени... По кој критериум се доделуваат, кој е во жирито, колку се менуваат категориите? Одбил ли некогаш некој награда?

Наградите не се обична формалност, туку традиција со значење. Секоја година внимателно ги селектираме категориите и добитниците, а критериумот секогаш е ист, а тоа е труд, континуитет, професионализам и влијание во својата област.

Кај нас нема гласови, пријателства или компромиси. Сè е резултат на работа и резултати.

Жирито го сочинува уредништвото на „Бекстејџ“ кое цела година ја следи домашната и регионалната сцена.

Секој член има свое мислење, но заедничката одлука се носи исклучиво според заслуги.

Категориите се менуваат со времето, затоа што и сцената се менува, некои жанрови исчезнуваат, се појавуваат нови лица, нови енергии, нови проекти.

Имало ситуации кога некој одбил награда, од различни причини, но тоа никогаш не било проблем. Напротив, тоа покажува дека наградите не се даваат за симпатии, туку за заслуги.

И можеби токму затоа, со текот на годините, добија тежина и кредибилитет што ретко која медиумска награда во Македонија го има.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-25.jpg

А ве одбил ли некој за интервју?

Секако, да, и тоа е сосема природно. Различни се причините, некој не е расположен, некој нема што ново да каже, а некој едноставно сака да направи пауза од медиуми.

Сме го почитувале тоа секогаш. Но интересно е што со тек на време, речиси сите тие луѓе подоцна сами дошле и седнале пред нашата камера.

Имало и ситуации кога некој после интервју ќе се повлече, не затоа што кажал нешто погрешно, туку затоа што не му се допаднал насловот, начинот на кој била сфатена изјавата или реакцијата на публиката.

Но тоа е дел од оваа работа. Ние никогаш не сме ја менувале вистината за нечие расположение, но секогаш сме биле коректен и чесен медиум. И токму затоа секогаш ни се враќаат.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-18.jpeg

Покрај многуте убави настани, имало ли непријатни ситуации?

Имало, се разбира. Оваа работа не е само црвен тепих и светла на сцена, понекогаш е и темна страна на јавноста, каде што суетата и вистината не одат секогаш заедно.

Постои една ситуација која што никогаш нема да ја заборавам. Тоа беше кога требаше да објавиме информација поврзана со развод на еден познат македонски пар.

Сè беше потврдено, документирано и професионално обработено, но реакцијата беше неочекувано бурна.

Од притисоци, повици, пораки, закани, па дури и следење и обиди за заплашување.

Тоа беа денови кога научив дека во оваа работа најмногу боли вистината, особено кога ја кажуваш гласно.

Не беше лесно, но знаев дека мора да стоиме зад фактот, не зад стравот. Заканите не престанаа ни после емитувањето.

Некои од тие луѓе денес се обидуваат да се правдаат по судови, но ние стоиме мирно. Сè што е објавено, било точно, проверено и професионално направено.

Тие ситуации ме научија дека оваа работа бара храброст и мирна глава. Да објавиш нешто вистинито во време на притисоци е потежок избор, но единствениот правилен.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-08.jpeg

Ева, како уредник, тешко ли е да им речеш не на твоите новинари кога ќе дојдат со идеја за прилог/интервју што сметаш дека не е за кај вас?

Не е лесно, но е неопходно. „Не“ е дел од одговорноста. Бидејќи кога си уредник, не одлучуваш само што ќе се прикаже, туку што ќе го претставува магазинот. А тоа не е мала работа.

Секој ден има десетици идеи, предлози и можности, но не секоја е „наша“.

Мојата задача е да препознаам што е вистински бекстејџ-материјал, што има вредност, тежина и автентичност, а што е само моментален тренд.

Секој во екипата има идеи, енергија и желба, и тоа го ценам. Но моја обврска е да знам што заслужува да биде дел од емисијата, а што не.

Некогаш тоа „не“ звучи строго, но е најчист начин да се зачува идентитетот на емисијата. Имаме има своја линија, критериум и јасна визија.

Не ни треба секоја приказна, ни секој гостин, ни требаат вистински, искрени, автентични приказни што носат вредност.

Не сè што е популарно е наше, и не сè што е гласно заслужува простор. Денес сум навистина горда што имам идеален тим, луѓе кои го чувствуваат „Бекстејџ“ исто како мене.

Не морам да објаснувам многу, сите знаат што е наше, а што не е. Колегиумите се вистинско уживање, дискусија, идеи, конструктивни несогласувања, но секогаш со иста цел.

Имаме здрав систем во кој секој зборува, а одлуките се носат со аргумент, не со емоција. Тоа е силата на оваа екипа.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-20.jpeg

А имаш ли желба да се вратиш пред камерите? Одамна те нема или се појавуваш многу ретко...

Понекогаш, да. Камерата ми недостига, тоа е енергија што тешко се објаснува.

Сепак, со годините сфатив дека вистинската сила не е секогаш пред неа, туку зад неа.

Денес повеќе ме исполнува тоа што можам да водам тим, да создадам визија, да поставам стандарди и да ги гледам резултатите низ очите на новата генерација што расте со „Бекстејџ“.

Се појавувам кога чувствувам дека има причина, кога темата или личноста бара мој глас, моја енергија и мој пристап.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-14.jpeg

Не сакам да бидам таму „ради реда“, туку кога има што да се каже. И можеби токму затоа секое мое појавување денес има поголема тежина.

Камерата никогаш не престанува да те вика, особено кога си ја живеел толку долго. Но засега, најубавото чувство е кога ќе видам дека тимот го прави тоа исто, со иста страст и професионализам.

Со таков тим, нема потреба да бидам во прв план. Тие совршено го чувствуваат пулсот на емисијата, ја разбираат суштината и ја носат приказната понатаму.

Јас сум таму каде што треба да бидам, зад сцената, каде што се создава сè. Тоа е местото каде што најмногу се гледа, дури и кога не си во кадар.

eva-jakimovska-urednik-na-bekstejdj-dobivavme-zakani-da-ne-objavime-deka-se-razveduva-makedonski-par-iako-se-beshe-potvrdeno-27.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава