Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија
- Детали
- четврток, 13 ноември 2025
„Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн. После една година почнавме да живееме заедно, а набрзо потоа и вдомивме две кучиња. Басил ме побара за жена пред две години во викендицата на моите во Кучково“, вели Теодора Нарашанова (31) од Скопје за CRNOBELO.com.

Теодора Нарашанова (31) од Скопје веќе 6 години живее во Хонгконг, а по професија е музичар и има свое пијано студио таму - предава и настапува.
Нејзиниот партнер Басил Јанг (33), е Американец со потекло од Тајван работи во сферата на маркетингот.
За него и нивната љубовна приказна Теодора споделува за CRNOBELO.com:
„Басил обожава македонска храна, омилено му е тавче гравче, ќебапи, шкембе чорба, шопска салата и обожава ракија. Си има и мала чашка за ракија со македонско знаменце.
Јас и тој се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.

После една година почнавме да живееме заедно, а набрзо потоа и вдомивме две кучиња.
Басил ме побара за жена пред две години во викендицата на моите во Кучково. Го имал тоа планирано со моите со месеци.

Во септември годинава имавме свадба во Попова Кула во Демир Капија и целата свадба беше мешавина на нашата традиционална и кинеската култура.


Имавме блиски пријатели и роднини од Македонија, но и од секаде низ Европа, Азија и Америка.

