Љубовната приказна на Јована и Дејан Петревски: „24 часа пред свадбата дознав дека сум бремена, синдромот на Софи ни ја зајакна љубовта“
Деновите кога е родена Софи можам да кажам дека ги паметам како во магла, што од голема среќа, што заради тоа што од сите страни само добивавме информации за кои не бевме подготвени.
Наместо да се осудуваме и да се оддалечиме, ние со Дејан повеќе се зближивме, си бевме поддршка еден на друг во тие моменти, бевме како две срца едно тело, сè правевме заедно и сплотени.
Со раѓањето на Софи нашиот заеднички живот стана поубав и магичен секој ден само нашата љубов расте заедно со неа.

Благодарение на смиреноста на Дејан, љубовта, разбирањето и слога, нашиот заеднички живот само е поцврст.
Но, не е сè тоа како бајка од најубавата книга на полицата. И ние за овие 5 години заедничка „борба" имавме и многу тешки моменти.
Кавгите и драмите се дел од заедничкото живеење, но со многу разбирање и сослушување еден кон друг, сè успеваме да надминеме.

Животот со човек како Дејан е само патека на која може да се лебди, бидејќи он е тој што прави сè да е лесно и спокојно, колку и да не било и да не е така.
Тој е сопруг и татко кој знае и умее да направи сè да е лесно.
А воедно сега, после смртта на мојот татко, јас сум негово мало дете, па заедно со Софи само уживаме во љубовта, грижата и мирот што ни ги пружа.

За љубовта и бракот да е совршен треба искреност и слога. Доверба и разбирање за сè, тоа се трудиме да го одржуваме обострано, па така сите неубави и лоши работи се ситници покрај сè ова“.

Прочитајте и Јована М. Петревска: „На ќерка ми Софи ѝ беше дијагностициран Даунов синдром 2 седмици по раѓањето - таа е совршена“
Повеќе фотографии од Јована и Дејан:









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
