Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачување на Водно“
Меѓусебната поддршка и љубов која постои меѓу нас е клучот за целиот наш успех.
Во јуни 2023-та, тогашниот мој дечко, а денес сопруг, ме однесе на кратко патување во Истанбул, каде што и ме запроси.
Запросувањето беше на јахта на Босфор. Иако бев известена дека ќе има романтична вечера, рози, фотограф, во ниту еден момент не очекував запросување.

Отидов во Истанбул со една идеја и желба за да се фотографирам со познатите долги фустани и да го разгледам градот, а си заминав со најубавото изненадување во мојот живот.


Момент исполнет со многу емоции, кој засекогаш ќе го паметам.
Оттогаш Истанбул има посебно место во моето срце и во најскоро време ќе го посетам повторно.


Нашата свадба се одржа на 06.06.2025 година. За целиот амбиент се погрижив јас, секако во консултација со сопругот, со желба сè да изгледа магично. И на крај навистина изгледаше така.

Фотосесијата ја направивме на јахта во Охрид, а за фустаните се погрижи дизајнерот Златко, кој создава светски креации.

2025-та е дефинитивно најубавата година во нашиот живот, дознавме дека ќе станеме родители на една мала принцеза, нешто што и двајцата силно го посакувавме.

