Aна Колевска, наша стјуардеса, за CRNOBELO: „10 причини зошто си ја обожавам професијата“
- Детали
- недела, 11 јануари 2026
„Да се биде стјуардеса не е само работа, тоа е животен стил што те учи, те менува и те носи на места за кои некогаш само си сонувал. Цирих ми е за шопинг на чоколади и сирење, Мелбурн за солариум, Милано за уживање во храната како да нема утре“, вели Ана Колевска од Скопје и открива зошто ја обожава својата професија.

Ана Колевска од Скопје, по професија забен техничар, вели дека отсекогаш сакала да го истражува светот и на 20 години се одлучила да замине во Катар.
Првобитната идеја ѝ била Дубаи, но поради годините не можела да добие виза (во Дубаи е потребно 21 година за да се сметаш за полнолетен).

По една година работа во Катар одлучила да го следи својот сон и да го види Дубаи.
Во Дубаи работела една година во ресторан, потоа уште 2 години во бутик, па како ПР за многу локали таму и тоа ѝ дало самодоверба за конечно да собере храброст и да аплицира за стјуардеса.
И оттогаш, години наназад, таа го работи токму тоа за кое сонувала.

Таа за CRNOBELO.com открива 10 причини зошто ја обожава својата професија:
Ана вели: „Да се биде кабински екипаж (cabin crew) не е само работа - тоа е животен стил што те учи, те менува и те носи на места за кои некогаш само си сонувал. Со текот на годините сфатив дека не постои една причина зошто ја сакам оваа професија, туку десет нешта што заедно ја прават посебна“.
Причините поради кои Ана ја обожава својата професија:
1. Слободата
Чувството дека не сум врзана за едно место или една рутина. Моите денови се мерат во летови, изгрејсонца од авионски прозорец и нови временски зони.
Сум сменила неколку професии во мојот живот, и ниту една не ме исполнила како оваа.

По ковид имав неколку години пауза со летање и тоа беше моментот кога ми стана јасно дека тоа е единствената професија што ме прави најсреќна, и дадов сè од себе за да бидам денес назад каде што припаѓам – на небото над облаците, во авион.

2. Динамиката
Ниту еден лет не е ист. Секој ден носи нови луѓе, нови ситуации и нови приказни што остануваат со тебе долго по слетувањето.
Ова е единствената професија каде што сосема спонтано се градат многу неочекувани пријателства и сум благодарна за луѓето што денес ги познавам баш преку оваа работа.

3. Човечката поврзаност
На 10.600 метри надморска височина учиш колку се важни насмевката, смирениот тон и присутноста. Кабински екипаж значи грижа, емпатија и чувство на сигурност.

