Aна Најдовска за растењето деца во Осло: „Тука бабите и дедовците не помагаат, децата ги носите секаде со вас - дури и во теретана“
- Детали
- вторник, 07 октомври 2025
„Начинот на живот со баби и дедовци каков што сме навикнати во Македонија, каде што тие буквално секојдневно се вклучени во грижата за децата, во Норвешка не постои. Ќерка ми Оланна за првпат преспа кај родителите на мојот сопруг, сама без нас, првпат оваа година, на 6-годишна возраст“, вели Ана Најдовска, која со сопругот и двете деца живее во Осло.

Ана Најдовска од Скопје со сопругот, ќерката Оланна (6) и 8-месечниот син Оби живее во Осло, Норвешка.
Таа е во брак со норвешкиот фудбалер Чума Уче Анене, кој е напаѓач на фудбалскиот клуб Амкар Перм.

За растењето деца во Осло, без помош од баби и дедовци, Ана споделува за CRNOBELO.com:
„Животот со деца во Осло, без помош од баби и дедовци, е нешто што овде е сосема нормално.

Во Македонија сме навикнати бабите и дедовците да бидат секојдневно вклучени во грижата за децата, да ги чуваат, да ги земаат од градинка или училиште, да поминуваат часови со нив.
Овде тоа не е така.

Во Норвешка, улогата на бабите и дедовците е повеќе симболична, тие се тука да внесат радост, да бидат поддршка, но не и да ја преземат секојдневната одговорност за нив.

Морам да кажам дека системот и целата култура овде тоа го прават можно.
Сѐ е направено да биде лесно за мајките, без разлика дали одиш на пилатес, во теретана и дури и во фризерски салон, секогаш можеш да ги земеш децата со себе.

Луѓето се навикнати на тоа, и ти дава чувство дека не си сам. Така и деновите, дури и кога сум сама со децата, ми поминуваат брзо, лесно и без притисок.

Сега за време на есенскиот распуст, Оланна беше дома, а сопругот на фудбалски камп.

