Љубовната приказна на Ивона Јо и Кристијан: „Прстенот го криел другар му, но замрзна патот до вилата - викаа полиција напомош“

Раскажи ми за самиот чин на запросување...

Заминавме на два дена во Лесново во Вила Молитва, која ја посетивме на 1 јануари, и се заљубивме во неа.

И уште од тогаш си ветивме дека ќе дојдеме што поскоро тука.

Без мое знаење, Кико со газдата на вилата, господин Блаже, и неговиот најдобар другар, организирале сѐ.

Прстенот и сите детали биле сместени во колата кај другарот на Кико.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-05.jpg

Но ноќта  кога требаше да дојдат за да вечераме начелно заедно, барем јас до тука знаев, замрзна патот кој води до вила Молитва.

Имаше многу мраз и не беше прооден патот.

Ѕвонеа на Македонија пат, кои пратија камион за одмрзнување, ѕвонеа во полиција, на многу луѓе кои можеа да помогнат за расчистување на патот за да прстенот стигне до врвот на вила Молитва.

Трновит пат, вели Кико, беше ова, но вредеше затоа што го кажав најлесното да во мојот живот.

Ме фати за рака, ми кажа прекрасни зборови кои потврдија зошто е тој мојот избраник, клекна и побара животот да го поминеме заедно во слога, љубов и разбирање.

Реакциите не стивнуваат, како се носи Кико со тоа? Како реагира на фактот дека си јавна личност која е често во центарот на вниманието?

Кико уште на самиот почеток многу се смееше кога некој ќе ме препознае на улицата и ќе се загледа во нас.

Гледајќи од моја перспектива, одлично се носи со фактот дека сум јавна личност и дека ќе мора да биде во очите на јавноста понекогаш и тој.

Ми вети дека ќе доаѓа со мене на настани и дека ќе каже збор-два на новинари. Ќе го чекам тој момент.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-07.jpg

А како реагираше ти на фактот што некои мислеа дека видеото од запросувањето е најава за спот?

Сосема очекувано ми е да не веруваат луѓето дека е вистина, затоа што беше скриено од јавноста сѐ.

Сосема нормално е да помислите дека е најава за спот.

Што ми дава убаво да ми е на душичката зошто режија, монтажа и колор на видеото сме јас, Кико и другар му.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава