Љубовната приказна на Ивона Јо и Кристијан: „Прстенот го криел другар му, но замрзна патот до вилата - викаа полиција напомош“

„Заминавме во Лесново во вила Молитва, а Кико, без да знам, организирал сѐ. Прстенот бил во кола кај другар му, но ноќта кога требаше да дојде за да вечераме заедно, замрзна патот. Ѕвонеа во Македонија пат, кои пратија камион за одмрзнување, ѕвонеа во полиција, на луѓе да помогнат да се исчисти патот и прстенот стигне до нас“, вели за CRNOBELO.com Ивона.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-01.jpg

Пејачката Ивона Јовановиќ (29) позната како Ивона Јо, му кажа „ДА“ на видеографот Кристијан Тодоров (25) од Свети Николе.

Таа ја изненади јавноста и дел од блиските луѓе кога на Инстаграм сподели видео на кое го покажа свршеничкиот прстен и напиша дека тоа било „најлесно кажаното да во нејзиниот живот“.

За CRNOBELO.com, пак, Ивона вели дека многу брзо по запознавањето, знаела дека Кристијан е човекот на нејзиниот живот и му го кажала тоа.

Кристијан, пак, иако внимателно го испланирал запросувањето, замрзнал патот до вилата во која биле сместени и каде што планирал да клекне на колено, па за да ја реализира идејата, со негов другар барале помош од луѓе, полиција...

А Ивона - не се посомневала во ништо.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-03.jpg

За нивната љубов и романтичното запросување, Ивона ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Како се запознавте со Кико? Раскажи ми за вашите почетоци...

Најлесното Да во мојот живот дефинитивно го кажав на човекот кој од прва ми го освои срцето со сѐ што носи во себе.

Нашиот почеток е на социјалните мрежи - кога почнавме да комуницираме пријателски на најразлични теми кои нè опкружуваа.

Бог е дефинитивно темата на која најмногу се задржавме и тема која нè сплоти и спои.

Многу прошетки, многу разговори, многу теми и убавини споделивме за многу кратко време.

Затоа и на видеото пишува - најлесното да во мојот живот - затоа што од прва знаев дека е човек со кој сакам да го поминам животот кој претстои. И му кажав… само што не ми веруваше, ха, ха, ха.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-02.jpg

Со што те освои Кико? Три работи што најмногу ти се допаѓаат кај него се:

Голем верник, добар човек, одличен соговорник и слушател, епатична душа полна со разбирање, спремен да сослуша и да разговара на секоја тема.

Сѐ она што човека го чини човек.

Дали е тој романтична душа или ти си поромантичната во врската?

И двајцата сме романтичари на свој начин.

Самиот момент на запросување е момент кој ми потврди дека сум избрала човек кој слуша и внимава на детали кои јас ги сакам.

ljubovnata-prikazna-na-ivona-jo-i-kristijan-prstenot-go-kriel-drugar-mu-no-zamrzna-patot-do-vilata-vikaa-policija-napomosh-06.jpg

Дали очекуваше дека ќе те запроси сега?

Не очекував сега.

Очекувано беше зошто направивме длабок муабет за сѐ. Но не очекував прстен во јануари.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg