Андријана Јовановска, наша новинарка: „10 причини зошто си ја обожавам професијата“
Спомените со Тоше
Дел од најблиските пријатели знаат да кажат дека 100 пати ги слушнале моите приказни поврзани со Тоше - од првата средба, преку последниот разговор, дружењето низ годините, интервјуата, специјалното списание што ги направив за него „ТАА го сака Тоше“ и многуте фотографии од тоа време.
Тоше Проески
Можеби затоа и денес кога ќе слушнам негова песна имам чувство дека ја испеал вчера, или ми текнува на некоја заедничка анегдота, или пак, имам чувство дека е тука, меѓу нас и ќе го сретнам некаде (глупаво, ама така е).
Тоше Проески
Патувањата
Кога работите како новинар, патувањата се неизоставен дел од професијата (барем кај мене).
Преку работата ги видов Москва и Хелсинки (како новинар што ја следи Еврозизија), а кои најверојатно никогаш не би ги видела сама, на своја рака (барем не главниот град на Финска).
Сакис Рувас
Дима Билан
Патувањата ме однесоа на 5 Евровизии, на „Сунчане скале“ и „Будва Фест“, на една „Универзијада“, на патувања организирани од големи компании насекаде низ Европа, а со кои соработува медиумот во кој работам.
За патувањата низ Македонија да не зборувам, тоа ни е како „добро утро“.

Запознавање регионални и светски ѕвезди
Имам работа која низ годините ми овозможи да запознаам и контактирам со многу познати личности од регионот и пошироко.
Јелена Карлеуша
Приказни имам многу, но наместо тоа, само ќе набројам неколку имиња на луѓе со кои сум правела интервјуа низ годините: Милош Биковиќ (трипати), Ален Вокер, Здравко Чолиќ, Цукеро, Ерос Рамацоти, Раул Гонзалес, Сакис Рувас, Марија Шерифовиќ (која ми покажуваше фотки од синот), Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ.
Милош Биковиќ
Да не ги заборавам ни Шарлин Спитери од Texas, Лидија Вукичевиќ, Јосипа Лисац и секако Бајага, првата голема ѕвезда (во моите очи) која ја интервјуирав на неполни 19 години.
Момчило Бајагиќ - Бајага
На моја среќа, листата е многу поголема од ова, а бројот на луѓе кои би сакала да ги интервјуирам (затоа што досега сум немала можност за тоа), е сè помала и помала.
Марија Шерифовиќ
Утринското кафе сама во редакција
Во канцеларија најчесто стигнувам пред сите. Утринското кафе го пијам сама, „легната“ во лејзи бег, со телефонот во рака и игричка.
Некако, пред да дојдат колегите, најлесно ми оди поминувањето нови нивоа.
Тишината, кафето и игричката ми се добитна комбинација за работното утро.

Наместо 10-та причина
Нема да ставам десетта причина зошто си ја сакам професијата, затоа што вистината е дека има многу повеќе од 10.

Ако некогаш во овие 30 години се двоумев дали сакам да сум новинар или не, ми текнува на моментот кога неколкупати бев на разговор за работа поврзана со струката што ја студирав, економијата и чувството што го имав додека одев на интервју - како нозете ми се враќаа, а јас се прашував „Што правам по ѓаволите?!“
Тоа ми е потсетник дека (барем за мене) нема поубава работа од тоа да се биде естраден новинар (кој следи и спорт, најгласно што може).
Столе Димитриевски
Погледнете повеќе фотографии во галеријата:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело