Мартин живее во Германија: „Не можеш да се збогатиш преку ноќ, но трудот вреди и нема да се вратам во Македонија“

Со кои проблеми најчесто се соочуваат доселениците во Германија? Кои се грешките што Македонците ги прават кога ќе се преселат таму?

Според мене, најголемите проблеми за доселениците тука се непознавањето или недоволното познавање на јазикот, комплексната бирократија и културниот шок што го доживуваат.

Без доволно познавање на германскиот јазик, шансите за вработување тука се минимални. Исто така, и комуникацијата со институциите е невозможна затоа што истите се обврзани за комуникација исклучиво на германски.

Грешките на Македонците во Германија се главно во неподготвеноста за интеграција во германското општество и неприфаќањето на нормите и правилата што владеат тука.

Овде не можете да продолжите да живеете со балкански менталитет.

martin-zhivee-vo-germanija-ne-mozhesh-da-se-zbogatish-preku-nokj-no-trudot-vredi-i-nema-da-se-vratam-vo-makedonija-0.JPG

На пример, доцнењето на закажани состаноци е вообичаено за странците тука, што е апсолутно неприфатливо за Германците.

Недоволната информираност и непочитувањето на приватноста се исто така вообичаени грешки.

Истовремено, преголемите очекувања дека тука можеш да се збогатиш „преку ноќ“ што ги имаат многумина водат до разочарувања, посебно ако личноста е без признаени квалификации и е недоволно амбициозна.

martin-zhivee-vo-germanija-ne-mozhesh-da-se-zbogatish-preku-nokj-no-trudot-vredi-i-nema-da-se-vratam-vo-makedonija-13.JPG

Како дојде до позицијата во Нирнберг? Што друго работеше на почетокот?

По завршувањето на првото ниво на германски јазик најдов работа во ресторан за брза храна, колку да можам да заработувам по нешто и да не зависам целосно финансиски од моите родители. На тоа работно место останав 6 месеци.

Следната работна позиција ми беше како волонтер во Caritas, каде останав 4 месеци. Потоа работев како практикант во дом за лица со психички проблеми и по неколку месеци добив понуда да останам да работам таму како педагог, работна позиција блиска до стекнатата струка во Македонија.

На тоа работно место останав сè додека не ја поминав постапката за признавање на дипломата од Скопје.

martin-zhivee-vo-germanija-ne-mozhesh-da-se-zbogatish-preku-nokj-no-trudot-vredi-i-nema-da-se-vratam-vo-makedonija-18.JPG

Потоа се вработив во градот Нирнберг како социјален педагог и класен раководител на паралелки во средното стручно образование, каде ја организирав наставата и предавав ориентација на работниот пазар, пред да се вработам во образовниот центар на градот Нирнберг. Во истата институција каде што ги добив информациите околу процесот на признавање на дипломата.

Понудата дојде од нивна страна, со оглед на тоа што самиот успешно ја поминав таа постапка, и ми беше понудено местото на државен стручен советник за признавање на странски квалификации.

Позиција на која останав до минатата година, по што се вработив како заменик раководител во институција која нуди поддршка при домување на лица со специјални потреби.

martin-zhivee-vo-germanija-ne-mozhesh-da-se-zbogatish-preku-nokj-no-trudot-vredi-i-nema-da-se-vratam-vo-makedonija-08.JPG

Истовремено, заедно со неколкумина блиски пријатели основавме сопствена агенција специјализирана за услуги за новодоселени лица во Германија, почнувајќи од основни пријави, преку аплицирање за секаков вид барања до надлежните институции, комуникација со истите, преку поддршка во процесот на признавањето на стекнатите дипломи, професионална изработка на CV и мотивациони писма за аплицирање за работа, сè до сметководствени услуги за поединци и фирми.

Накратко, сето тоа што е потребно за успешен старт како и напредок во кариерата на новодоселените тука. Сите овие услуги кои ги нудиме се доста побарувани, а воедно нема многу вакви фирми кои ги нудат истите.

Нашите клиенти особено нè ценат поради фактот што самите успешно ги имаме поминато овие процеси и знаеме како функционира германската администрација и општество.

martin-zhivee-vo-germanija-ne-mozhesh-da-se-zbogatish-preku-nokj-no-trudot-vredi-i-nema-da-se-vratam-vo-makedonija-6_2.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Зорица од Велес живее во Германија: „На почетокот сакав да си ги спакувам куферите за назад - денес ... „Образовниот систем се базира на индивидуален пристап кон секое дете, со ак...
Биљана Анѓушев 10 години живее во САД: „Отидовме со 13-месечно бебе, тешко најдовме работа со сопруг... „Моето семејство сметаше дека веќе имаме сè што ни треба во Македонија. Мис...

Најчитани неделава