Бајага за CRNOBELO: „Попрво би се откажал од вино отколку од љубов“

„Ако треба да изберам три работи кои ми се најубави во Македонија, тогаш ќе речам: музиката; климата - мене ми се допаѓа климата иако знам луѓе на кои не им се допаѓа; храната - немам коментар на ова, самите знаете каква храна имате“ - вели Бајага во интервју за CRNOBELO.com.

bajaga-za-crnobelo-poprvo-bi-se-otkazhal-od-vinoto-otkolku-od-ljubovta-01.jpg

За многумина Момчило Бајагиќ Бајага е синоним за нивната младост, за едно време кое поминало одамна и нема да се врати, ама на кое се сеќаваат со радост секогаш кога ќе ги слушнат дури и првите звуци на „Плави сафир“, „Тамара“, „Воз“, „Пилуле за лилуле“, „Моји другови“.

Иако во Македонија не доаѓа често како порано, дури и тој самиот знае да каже дека „е наш, домашен“, зашто тука ја имал една од првите турнеи во кариерата, со „Рибља Чорба“, во 1978 година, долго пред да почне соло кариера со своите „Инструктори“.

bajaga-za-crnobelo-poprvo-bi-se-otkazhal-od-vinoto-otkolku-od-ljubovta-10.jpg

Во тоа време, свиреле заедно со Драган Мијалковски, време, кое, пак, нему му е останато во силно сеќавање.

И токму тоа го откри неодамна, на прес конференцијата за македонските новинари, а кога со Владо Јаневски го најавија заедничкиот концерт во Скопје, на 14 февруари, денот на љубовта и на виното.

bajaga-za-crnobelo-poprvo-bi-se-otkazhal-od-vinoto-otkolku-od-ljubovta-09.jpg

Бајага дури и запеа стара песна од Драган Мијалковски и ги изненади присутните, па со доза на носталгија рече дека тоа биле многу убави времиња.

Но, интервјуто што го правевме по прес конференцијата, и мене ме врати во едно друго време, крајот на 1990-тите, кога бев на почетокот на новинарската кариера и уште не знаев дека ова ќе биде мојата животна професија.

bajaga-za-crnobelo-poprvo-bi-se-otkazhal-od-vinoto-otkolku-od-ljubovta-03.jpgИнтервју на Бајага за CRNOBELO.com

Бајага“ - ми вели тој и ми подава рака да се претстави (како да му треба претставување).

Но, токму тоа го протолкував како одраз на неговата големина - човекот чие име и песни го знаат сите од Вардар до Триглав, пред да успеам да кажам било што, прв ми подаде рака и го кажа своето име... скромно, ненаметливо.

Андријана“, му велам со насмевка. „Но пред да почнеме, иако знам дека имаме кратко време за разговор, мора да ви кажам нешто. Пред многу години, немав уште ни 19, вие бевте првата регионална ѕвезда со која направив интервју. Седевме на терасата на тогашниот хотел „Бристол“, јас и еден колега, па вие дојдовте на разговор со нас. Криво ми е што не ја носам фотографијата од тоа време, а ја чувам во албум“.

bajaga-za-crnobelo-poprvo-bi-se-otkazhal-od-vinoto-otkolku-od-ljubovta-10_copy.jpgСо Бајага во Скопје, 1997 година

Па зарем е возможно?“ - ме прашува Бајага со неверување.

Иако оттогаш до денес се поминати скоро три децении, а двајцата сме (каде-каде) повозрасни - една работа ми беше иста - неговата насмевка и препознатливиот длабок, рапав глас по кој уште на првиот стих од песната знаете дека пее тој (дури и песната да ја слушате првпат).

bajaga-za-crnobelo-poprvo-bi-se-otkazhal-od-vinoto-otkolku-od-ljubovta-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg