Ивана од Куманово е девојка со „храбар“ моден стил со експлозија од бои - не сака да се вклопи, туку да се истакне
Подготовките за посебни пригоди некогаш траат и со недели и месеци. Одам да бирам материјали, сликам потенцијални, правам колажи, се консултирам со кројачката… Знае да потрае, ама љубов ми е.
Луѓето често ми велат дека се облекувам „храбро“. Но, јас едноставно не знам поинаку.

Аутфитот е рефлексија на она што ми се случува внатре. Во мојот ум никогаш не е мирно, па така и во мојот аутфит: бои, форми, концепти, и детали се судираат, се мешаат и се надополнуваат, создавајќи целина што зборува и без да проговорам.

Поминувам сериозно време на процесот на создавање, но не се оптоварувам со туѓи перцепции.

Облеката се соблекува, шминката се брише. Денес можеби нема да бидам во најдобро издание во нечии очи, а утре можеби ќе се допаднам на сите.

На крајот на денот, јас уживам во процесот. За мене стилот не е обид да се вклопам, туку слобода да постојам гласно, шарено и искрено“.
Повеќе фотографии од Ивана:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
