Љубовната приказна на Кристина од Танзанија и Мето од Скопје: „Ме запроси во Занзибар, добивме ќерка во Македонија“
Исто така, повеќето од танзаниските мажи сакаат да изневеруваат и да флертуваат, а јас не сакам да бидам дел од таков тип врски и бракови.

И не знам колку е тешко овде, во оваа земја, да се најде искрен сопруг, но очигледно сите наши пријатели живеат добро заедно, без никакви проблеми во таа смисла. Се дружиме многу и тие се грижат за своето семејство, сопругата, децата и своите пријатели.
Си помагаме едни на други со работа и лични совети, а преку пријателите во Скопје го гледам начинот на живот овде.
Што ти се допаѓа и што не ти се допаѓа од животот во Македонија?
Македонија е прекрасна мала и топла земја. Ја сакам земјата, а ја сакам и храната, пијалаците, ноќниот живот, националните паркови, природата.
Исто така, сè е во близина. Во оваа земја можете да прелетате над неа и да видите сè, да направите еднодневна тура и да ја разгледате земјата, што е толку возбудливо во споредба со мојата земја, која е огромна и e потребно време да се стигне од точка А до точка Б.

Ми се допаѓаат Маврово и Охрид, особено Свети Наум, манастирот Свети Јован Бигорски, таа небесна природа, како и сите забави и добри домашни и ресторански јадења и пијалаци, вина и пива, кифлички, слатко и ајвар.

Првпат дојдов во зима, па пристигнувањето ми беше силен студен удар во лице!
Мислам дека сум на вистински пат да се навикнам на климата овде, инаку кај нас, во Занзибар, сега е 31 степен Целзиусов.

Но, тука во Скопје имам прекрасни пријатели и мојата најдобра „кума“ Моника од Поп Арт Бенд, многу пееме кога се собираме, а таа ми е како мајка.
Тука, не ми се допаѓа што повеќето луѓе пушат цигари и јадат толку малку овошје.
Во Африка полесно се спријателуваат и нормално е некој да ви дојде на врата и да ве праша нешто или без некоја значајна причина.
Општо земено, во Африка луѓето разговараат повеќе едни со други и се зближуваат лесно. Во нашата земја, тоа е развиено од самата култура до тој степен што ако некој има проблем, тогаш сите негови познаници ќе му помогнат или финансиски или со совет, многу брзо.
Во Африка, религијата многу нè обединува. Исто така, во нашата земја, собирите на Католичката црква се масовни и е место каде што луѓето ја одржуваат својата вера, а покрај тоа таму наоѓаат работа, партнери и пријатели.

Доста често одиме во новоизградената катедрала во Дар Ес Салаам во мојата населба, ова се огромни собири, односно миси со околу 3.000 луѓе.
Во Скопје, тоа обично се случува на големите празници и тоа е исто така неверојатно убаво! Сè уште имам многу работи да истражувам тука.
Танзанија има околу 60 милиони жители, Македонија има околу 2 милиони жители, ако аплицирате за работа во јавен сектор во мојот град, ќе бидете негде околу 18.000-ти на ред на листата од апликанти за интервју.
Постојат многу разлики, ние сме од друг континент, но љубовта нè обединува.
Македонија е прекрасна! И мојата земја е прекрасна!
Повеќе фотографии од нив:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
