Трансформацијата на Александар Танкоски (34): „Сфатив дека не сум пример за моите деца - тоа ме разбуди, ослабев 22kg“
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
„Секој ден се будев со страшни главоболки. Мачнина. Нервоза. Мрзливост. Немав енергија, немав волја, немав живот во себе. Бев присутен физички, но отсутен како сопруг и како татко“, искрено вели Александар Танкоски (34) од Охрид, кој во еден миг имал крвна слика како 70-годишен пензионер со висок крвен притисок.

Александар Танкоски (34) од Охрид, сопруг и татко на две деца, по професија е графички дизајнер кој вели дека во 2024-та година сфатил дека го запуштил своето тело и неговото здравје страшно страдало.
Од лоша крвна слика до безенергичност, тој сфатил дека мора да преземе нешто итно.
Па, така се фокусирал на здрав режим на исхрана и вежбање и симнал 22 килограми.
Денес, се чуствува подобро од кога било и вели дека е горд што може да им биде пример на своите деца.
Тој ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:
„Во изминатите години имав можност да работам за повеќе светски компании.
На хартија – успех. Во реалноста – долгогодишно седење пред компјутер, нула физичка активност, огромен стрес и тело, кое полека почна да ми испраќа сигнали дека нешто не е во ред.

Работните часови се претворија во денови поминати на столче.
Оброците беа брзи и нездрави. Сонoт краток и неквалитетен. Стресот – секојдневие.
Така стигнав до 88 килограми. Но, бројката не беше најголемиот проблем. Данокот го плаќав со здравјето.

Три години живеев со константен крвен притисок 150 со 100. Крвната слика ми беше како на 70-годишен пензионер.
Секој ден се будев со страшни главоболки. Мачнина. Нервоза. Мрзливост.

Немав енергија, немав волја, немав живот во себе.

Бев присутен физички, но отсутен како сопруг и како татко.
Најтешкото сознание беше дека не сум пример за моите деца. Ги учев да бидат силни, а јас се чувствував слаб. Ги учев да се грижат за себе, а јас се уништував.
