Трансформацијата на Александар Танкоски (34): „Сфатив дека не сум пример за моите деца - тоа ме разбуди, ослабев 22kg“
На 1-ви август 2024 година се разбудив со страшна главоболка и мачнина во стомакот. Но тој ден беше поинаков. Имав некоја чудна, тивка, но силна мисла во глава – „Мораш нешто да промениш. Сега!“
И тогаш почнав.
Mесо, риба, јајца, овошје, зеленчук, многу вода, сон од 7-8 часа и задолжително по една епизода од подкастот на Бајкерот и Кросфитерот – за мотивација и за потсетување дека секој може да стане подобра верзија од себе.

Толку е едноставно.
Денес можам да кажам дека живеам втор живот.

68 килограми. Крвниот притисок ми е нормален. Главоболките исчезнаа. Енергијата ми се врати.

Се будам со волја. Се смеам повеќе. Играм со децата без да се заморувам. Работам поконцентрирано. Жив сум.

Сфатив дека трансформацијата не е само физичка. Таа е ментална.
Кога ќе победиш во глава, телото само ќе те следи“.

Прочитајте и Трансформацијата на Филип Митевски (44): „Имав 108kg - сега со 30kg помалку, се чувствувам како 20-годишен“
С. С. | Црнобело