Љубовната приказна на Теодора и д-р Кристијан Ристовски: „Се поврзавме, двајцата работиме со лица со посебни потреби“

Свадбата ја имавме замислено и организирано како што ние сакаме.
Самиот влез и првиот танц ни беа придружени со балерини кои ни беа знак за радост и почеток на нешто ново.

Секое патување на кое сме биле досега си носи со себе по некоја авантура која ја паметиме и ја поврзуваме со местото.
Нешто што ќе го паметам и ќе ми остави трага е крстарењето по реката Нил. Кога се качивме во брод со туристи кои не беа од нашата групата.

Заедничката професионална точка е тоа што и двајцата работиме со лица со посебни потреби.
Тоа ни е истовремено и секојдневен предизвик и лекција дека секој функционира на начин прифатлив за него со своите различни индивидуални капацитети. А притоа љубовта е тоа што расте и ја менува димензијата.

Најголемиот животен предизвик кој нè стави на работ на издржливоста и трпението е раѓањето на нашето прво дете.
Во 27ма недела со само 810 грама. Искрено тој момент за мене беше многу тежок, цело време бев под стрес.

Но, исто така и првото дете нè научи на една сталоженост и смиреност особено мене. Ме потсети да закочам и да живеам во секој момент со присутност.
Поддршката во тој неочекуван момент прво ја добив од Кристијан бидејќи делевме нешто што не се опишува со зборови, а истовремено нè зајакна и како личности и како партнери“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
