Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се вратиме, денес децата ни се шампиони во карате“

Како реагираа на првите натпревари – беше ли тешко да се справат со притисокот?

Бидејќи започнаа да се натпреваруваат од многу мали, мислам дека дури и не беа целосно свесни за притисокот. Ние како родители никогаш не им ставаме притисок дека мора да победат.

Во нашето семејство постои правило дека најголемиот успех не е медалот, туку тоа детето да даде сè од себе и да биде подобро од претходниот пат.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-22.jpg

Дали каратето им помага и во секојдневниот живот?

Апсолутно. Карате не е само спорт, туку и начин на воспитување. Ги учи на дисциплина, концентрација, почит и самоконтрола. Најважно е што децата учат дека карате е вештина за самоодбрана, а не за напад.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-33.jpg

Како ја поддржувате нивната страст кон спортот?

Нашата поддршка е пред сè практична и емотивна. Ги носиме на тренинзи неколку пати неделно, а викендите често ни се резервирани за натпревари. Тоа на некој начин стана дел од нашиот семеен живот.

Најважно ни е децата да бидат среќни во тоа што го прават. Што и да изберат додека ги исполнува и им носи радост, ќе ја имаат нашата целосна поддршка.

Како гледате на образованието и спортот за деца во Шведска во споредба со Македонија?

Образовниот систем во Шведска е доста различен од оној во Македонија. Децата одат на училиште со радост и без голем притисок. Нема многу тестови, а домашните задачи се малку и се прилагодени на возраста на детето.

Наставата е повеќе практична и се базира на разбирање, а не само на меморирање. Често учениците учат преку практични примери, па дури и часови во природа каде што учат за растенија, инсекти и екосистемот.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-09.jpg

Како ја комбинирате македонската и шведската култура дома?

Во нашиот дом се зборува исклучиво македонски јазик. Најчесто готвиме македонска храна и ги славиме македонските празници, бидејќи ни е многу важно децата да ја зачуваат врската со своето потекло.

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-11.jpg

Секако, бидејќи растат во Шведска, дел од шведската култура е природно присутен во нивниот живот. Со задоволство учествуваме во некои од нивните традиции и празници, како Midsommar (најдолгиот ден во годината) или Lucia (се слави на 13 декември, е омилена шведска традиција што симболизира светлина, надеж и топлина во срцето на темната зима.)

sandra-sh-kaevska-so-semejstvoto-zhivee-vo-shvedska-prvite-godini-bea-teshki-a-denes-decata-ni-se-shampioni-vo-karate-03.jpg

Што ви недостасува најмногу од Македонија?

Најмногу ни недостасуваат семејството, пријателите и сонцето. Социјалниот живот во Македонија е многу поспонтaн и потопол. Ни недостигаат оние мали моменти кога некој ќе се јави и ќе каже: „Доле сме пред зграда, симни се на кафе.“

Во Шведска животот е поорганизиран и дружењата најчесто се планираат однапред, најчесто за викендите. Но кога се собираме со пријателите, тие дружби знаат да траат долго – во вистински балкански стил.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Д-р Билјана Талевска е дерматовенеролог во Шведска – почетокот бил ужа... „Почетокот беше ужасно тежок, со 13-месечно бебе се преселив во земја за која не...
Љубовната приказна на Александра и Дамјан Дренковски: „Имавме врска на далечина, се венчавме во двор... „На почеток не му кажав дека живеам во Америка. Толку не сакав да си одам, што д...
Александра Јанева за сеќавањата на родниот град: „Секое учество на Струмичкиот карневал ми носеше но... „На 4km од Струмица, во планината Еленица има едно мирно, блажено место кое ние ...
Александра Димитровска, брачен советник: „Некогаш терапија го спасува бракот, а некогаш помага досто... „Најстариот пар кој бил на советување е на 67-68 години. Имало момент кога маж к...
Александра од Битола беше на оскаровски викенд во Лос Анџелес: „Ми се исполни детскиот сон“ „Со сопругот Дамјан присуствувавме на самата церемонија, а атмосферата беше неве...
Александра Петровска, психолог: „Работам со жени кои се срамат да кажат дека имале спонтан абортус, ... „Во Македонија, за жал, голем дел жени сè уште се плашат или се срамат да го спо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg