Д-р Маја С. Чрчева, радиолог: „На ехо ги гледаме и најсуптилните промени на дојката, веднаш се знае дали е сомнително“

d-r-maja-s-chrcheva-radiolog-pacientki-doagjaat-na-kontroli-i-po-30-godini-od-lekuvanjeto-od-rak-06.jpg

Колку често една здрава жена треба да прави ехо на гради? А колку мамографија? Од која возраст да започне, дали зрачењето е штетно за девојките кои немаат родено?

Прашањето за скрининг е многу важно, затоа што тука превенцијата прави најголема разлика.

Кај здрави млади жени, најчесто препорачувам ехо на дојки да се прави еднаш годишно. Понекогаш, зависно од наодот или индивидуалниот ризик, лекарот може да предложи и почести контроли.

Мамографијата обично се воведува по 40-тата година. Тогаш се препорачува на секои 2 години, во зависност од ризик факторите и препораката на лекарот.

Кај помлади жени, дојката е погуста и ултразвукот дава подобра информација.

Затоа мамографија не е прв избор во дваесеттите и раните триесетти години, освен ако нема индикација.

Што се однесува до зрачењето, дозата кај современата мамографија е многу ниска. Таа е контролирана и безбедна, и придобивките од рано откривање се многу поголеми од потенцијалниот ризик.

Мамографијата не е штетна за жени кои немаат родено. Тоа е чест мит кој создава непотребна загриженост.

Редовните прегледи не се причина за страв, туку начин за грижа за сопственото здравје.

Сетете се на некоја најпозитивна случка од вашето работење...

Една од најубавите работи во мојата е таа што позитивните случки не се реткост, туку дел од секојдневието.

Секој ден имам моменти кои ме потсетуваат зошто сум ја одбрале оваа работа.

Најсилното чувство е кога пациентка ќе замине дома со разјаснета дијагноза и со олеснување. Кога стравот се заменува со јасен одговор и мир.

Особено значајни се оние случаи кога промената е откриена навреме. Има и многу пациентки кои доаѓаат загрижени, а си заминуваат спокојни, здрави. 

Алтруизмот во оваа професија се чувствува токму во тие значајни исходи. Затоа, немам  само една случка. Секој ден носи по некоја позитивна приказна.

d-r-maja-s-chrcheva-radiolog-pacientki-doagjaat-na-kontroli-i-po-30-godini-od-lekuvanjeto-od-rak-05.jpg

Имало ли ситуација кога жена мислела дека има рак на дојка, а вие со прегледот да ја убедите во спротивното? Какви се реакциите на жените при дијагностицирањето? Колку вие чувствувате стрес притоа и како се справувате?

Да, често има такви ситуации – жената доаѓа со страв, а по прегледите се утврдува дека промената е бенигна. Реакцијата најчесто е огромно олеснување, понекогаш и солзи.

Стрес и кај мене постои, но се надминува со искуство, тимска работа и фокус на тоа да му се помогне на пациентот на најдобар можен начин.

Дали потешко поднесуваат прво дијагностицирање или рецидив?

И првото дијагностицирање и рецидивот носат тежина, но рецидивот често се доживува уште потешко.

Тогаш пациентката веќе знае што значи процесот и неизвесноста е подлабока. Секоја жена реагира на свој начин и тоа треба да се почитува. 

d-r-maja-s-chrcheva-radiolog-pacientki-doagjaat-na-kontroli-i-po-30-godini-od-lekuvanjeto-od-rak-10.jpg

Во државното здравство некогаш знае да се чека долго за читање на резултатите од мамографија... Знам случај за пријателка која чекала 8 месеци, колку ваквиот период може да биде критичен ако навистина станува збор за малигна промена на градата?

Разбирливо е дека ваквото чекање создава голема загриженост кај пациентките. Но, сигурно постојат организациски причини и предизвици во системот и најчесто се бараат решенија за тие ситуации. 

Од медицински аспект, времето е важен фактор, особено ако станува збор за малигна промена.

Кај некои типови тумори, осум месеци може да значат напредување на болеста.

Но, исто така постојат и побавни форми кај кои промените се развиваат значително поспоро.

Затоа секој случај е индивидуален и не може да се генерализира.

Кај нас, дијагностиката се организира веднаш или во многу краток рок - ако се чекаат резултати од евентуална пункција, или биопсија, каде што се чека патохистолошки резултат.

Но, и тогаш, процесот се води континуирано и без непотребни паузи.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...

Најчитани неделава