Д-р Стефанка Ѓорѓиевска, ендокринолог: Сè за тироидните хормони – кои и кога се проверуваат, дали при секоја промена се прима терапија?

Овие анализи се прават за дијагностицирање на болести на тироидната жлезда - хипертиреоза, хипотиреоза, автоимуни болести, ако сакаме да мониторираме терапија за лекување на тироидната жлезда, ако имаме проблеми со забременување или фамилијарна анамнеза за тироидна болест.

Скрининг на тироидната жлезда се прави кај жени над одредена возраст или во менопауза.

Ако веќе има јазол,  гушавост, проблеми со дишење или голтање во анализата се вклучуваат дополнителни критериуми кои определуваат дали на пациентот му е потребна хирушка интервенција.  

Ехографијата на тироидната жлезда е процедура со која добиваме оцена за нејзината локација, големина и структура.

Од друга страна, анализата на хормони е процедура со која добиваме оцена на функцијата на тироидната жлезда.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija.jpg

Дали се прави прво ехо на тироидна жлезда или прво се проверуваат хормони?

Јас прегледот на тироидната жлезда, најчесто го започнувам со анамнеза, па со нејзина палпација.

Доколку при палпација се почувствуваат нерамнини (топчиња) прегледот продолжува со ултразвучен преглед - безболна процедура која ни дава информација за нејзината локализација и структура, како и евентуалните патолошки промени.

Со помош на ехографскиот преглед, се насочувам кои хормони е потребно да се испитаат за оценка на нејзината функција (на пр. за Хашимото се прави анализа на ТСХ, ФТ4 и АТПО хормони, за Базедова болест освен гореспоменатите се испитуваат и ТРАб и ФТ3 хормонот).

Меѓутоа не е погрешно и прегледот да започне прво со анализа на хормоните.  

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-02.jpg

Дали одредени лекови можат да ги променат вредностите на TSH, T3 и T4?

Определени медикаменти може да влијаат на резултатите од хормонските анализи на тироидната жлезда како на пример: контрацептивни таблети, кортикостероидна терапија, амиодарон, јоден контраст, суплементи кои содржат алги, суплементи за коса и нокти.

Дали хормоните на тироидата можат да влијаат на плодноста и дали треба секоја жена да ги провери пред да планира бременост?

Секоја жена што планира бременост треба да ги провери тироидните хормони, затоа што тие влијаат на плодноста и бременоста.

Многу млади жени, со веќе дијагностицирано пореметување на тироидната жлезда, се соочуваат со чувството на страв - дали ќе може да забременат.

И многу трудници со дијагностицирани пореметувања на тироидната жлезда се соочуваат со стравот - дали ќе имаат спонтан абортус.

Со редовни контроли кај специјалист ендокринолог и редовен прием на терапија, нема причина за загриженост.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-08.jpg

Некои заболувања на тироидната жлезда се откриваат со започнување на бременоста и затоа се потребни анализи на тироидни хормони, со цел рана детекција на неоткриени случаи со пореметена функција на тироидната жлезда.

d-r-stefanka-gjorgjievska-endokrinolog-se-za-tiroidnite-hormoni-koi-i-koga-se-proveruvaat-dali-pri-sekoja-promena-se-prima-terapija-04.jpg

Што најмногу влијае на промените во тироидните хормони? И може ли некако да се превенира тоа?

За да ги превенираме болестите на тироидната жлезда потребна е грижа за истата.

Одржувањето на здрави животни навики и правилната информираност за болестите поврзани со тироидната жлезда, можат многу да помогнат за нејзиното здравје.

На прво место е начинот на исхрана за правилна функција на тироидната жлезда, но и други навики:

  • Консумацијана јодирана сол - за избегнување на гушавост.
  • Консумација на Селен -  важен за превенција на воспалителни процеси на тироидната жлезда, а најмногу се содржи во бразилските ореви.
  • Консумација на омега-3 масни киселини, исто  за регулација на воспалителните процеси на тироидната жлезда, го има во рибите.
  • Регулирање на стресот, бидејќи стресот ги покачува нивоата на кортизол и тоа моѓе да ја наруши функцијата на тироидната жлезда.
  • Редовната физичка активност, и здравиот сон ги регулираат хормонските нивоа и го намалуваат ризикот за хормонски дисбаланс до 30%.
  • Токсините, тешките метали, хемиски производи и исто така продуктите од соја го зголемуваат ризикот од дисбаланс на хормоните.
  • Ако имате фамилијарна анамнеза на заболувања на тироидната жлезда, потребни се редовни скриниг прегледи.
  • Зголемување на приемот на антиоксиданти.
  • Контрола на нивото на витамин Д.
  • Промените во тежината може да се важен индикатор на состојбата со тироидната жлезда. Одржувањето на здрава телесна тежина го намалува ризикот од заболувања на тироидната жлезда.
  • Престанување со пушењето значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и од заболувања на тироидната жлезда .
  • Редовните систематски прегледи помагаат во рано откривање и навремено лекување на промените на тироидната жлезда.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Фото: д-р Стефанка - архива / depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Aна Колевска, наша стјуардеса, за CRNOBELO: „10 причини зошто си ја обожавам професијата“ „Да се биде стјуардеса не е само работа, тоа е животен стил што те учи, те менув...
Д-р Маја Кирјас: „Крвавење по операција на крајници е опасно, мора да се чува имунитетот, а сладолед... „Крајниците се дел од имунолошкиот систем, ако се често болни тогаш се повеќе шт...
Стефанија Насеска имаше ревија во Кина: „Ми дадоа лично обезбедување, публиката се туркаше да се фот... „Кога на режисерот на ревијата му ја раскажав инспирацијата за мојата колекција,...
Бале Брзи (72) е херојот од Скопски маратон, истрча 42km во македонска народна носија: „Трчам уште о... „Го имаме неформалниот победник на маратонот! Не трчаше за медал, туку за Македо...
Кико од „Идол“ живее во Дубаи: „Пробувам да ги убедам моите дека нема потреба за паника, денот ми те... „Да бидам искрен, моите во Македонија се уплашени за мене затоа што кај нас се п...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...

Најчитани неделава