Кико од „Идол“ живее во Дубаи: „Пробувам да ги убедам моите дека нема потреба за паника, денот ми тече нормално“
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
„Да бидам искрен, моите во Македонија се уплашени за мене затоа што кај нас се прикажуваат работи кои се делумно вистина и не можеме да се лажеме дека е сè најнормално, но мое мислење е дека поголема паника кренаа туристите кои останаа заглавени тука и луѓето кои сакаат да добијат внимание преку социјалните мрежи“, вели Христијан Тодороски за CRNOBELO.com.

Јавноста го запозна Христијан Тодороски во 2010 година, кога се појави во музичкото шоу „Македонски идол“.
Кико, како што го викаа сите, беше еден од милениците на девојчињата и додека траеше шоуто, но и во годините потоа.
Од времето на „Идол“
И покрај популарноста, тој се повлече од јавноста и скоро 5 години живее во Дубаи.
На почетокот работеше во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот, Salt Bae.

Но, веќе една и пол година е во вработен во ресторанот „Белканто“, кој е лоциран во Дубаи Опера, во близина на Бурџ Халифа.
„Работам како Арт и Ентертаејнмент менаџер, или во превод, кој било артист кој доаѓа - доаѓа преку мене. Жан Клод Ван Дам ни беше тука пред неколку дена, Андреа Пирло, Џејсон Деруло, Цукеро, Џипси Кингс итн“, раскажува тој за CRNOBELO.com.
Со Жан Клод Ван Дам
Христијан е задоволен од животот во Дубаи и вели дека со моменталната ситуација во ОАЕ и сè што може да се види во медиумите, малку му е потешко да им објасни на неговите дома во Прилеп дека е добар и дека не треба да се плашат толку многу за него.
Христијан за CRNOBELO.com ни раскажа за моменталната ситуација во Дубаи:
„Во саботата вечерта на 28.02 имав приватен настан за голема руска компанија во ресторанот кога почна целата ситуација.
Нормално, како и секаде, прво почна паника меѓу луѓето, почнавме да добиваме видеа од разни страни на Дубаи, но останавме присебни затоа што немаше простор за голема паника.

