Ален, дете родено по силување во војната во БиХ, за CRNOBELO: „Мајка ми никогаш не ме прегрна, тоа ме боли најмногу“

Во еден момент го запознавте и биолошкиот татко, му чукнавте на врата. Зошто решивте да го најдете, какви очекувања имавте од таа средба?

Па, немав никакви очекувања, не сакав да го прегрнам, да му кажам татко, немав очекувања дека ќе ми се извини.

Едноставно дојдов за да го прашам зошто го направил тоа.

Зошто не кажа на суд дека ќе се грижи за мене, зошто никогаш не се јави?

Всушност тој играше само една игра за да се ослободи од судот на Босна и Херцеговина, да се ослободи од тоа обвинение за силување, и на крај мене ме призна на суд како свое дете.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-07.jpg

Значи, тој сепак ве призна како свој син? Зашто во една изјава за првата средба со него, вие велите дека пред себе сте го виделе својот лик во постара верзија, дека имало и ДНК докази дека ви е татко, а тој сепак негирал...

Да, но сепак ова признание доведе до ослободителна пресуда за него, што мене подоцна ме заболе.

Кога отидов на неговата врата, тој негираше сè - и дека не ја познавал мојата биолошка мајка, дека никогаш не ја сретнал, негирајќи ја ДНК анализата - ДНК навистина не беше потребна во тој момент, едноставно, сличноста меѓу нас е неверојатна.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-03_copy.jpg

Дали таа средба ви донесе разочарување или некакво олеснување?

И двете. И двете, од причина што имав можност да го запознаам човекот кој, нема да речам дека е заслужен, но е една од причините зошто сум роден.

И тоа некако ми донесе мир. Веројатно ќе зажалев ако не го запознаев никогаш, ќе ме копкаше, затоа што ја запознав мојата биолошка мајка во тој временски период од мојот живот.

Но таа средба ме натера да сфатам дека тоа е личност која едноставно го гледа само својот интерес, дека тој воопшто не е човек.

Тој едноставно не носи вина во себе, нема емпатија, нема почит, нема разбирање.

И тогаш во однос на својот биолошки татко јас сфатив дека тој за мене како да не постои.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-05.jpg

Денес сте во брак, имате три сина. Дали ви беше тешко да ѝ кажете на сопругата за вашето потекло, за животната приказна, да се отворите пред неа?

Жена ми и јас се запознавме додека работев во болница, таа волонтираше во тоа време. И мислам дека во тоа време беше пред крај снимањето на филмот за мене и децата како мене.

И кога се запознавме, баш на тоа снимање, јас ѝ раскажав некако веднаш што ми се случувало во мојот живот.

Сопругата никогаш не ме осудуваше, таа никогаш, апсолутно никогаш не ме прашала ништо што би ме навредило или понижило, или нешто што би ме вознемирило.

Битно е дека таа беше тука, ми даде поддршка на која најмалку се надевав.

И некако почнавме да си разговараме до „ситни саати“, па имавме разговори кои траеја долги часови.

Полека се зближивме, сфатив дека тоа е тоа, дека не ме заморува со некои прашања - каде си, што си, па не прави го тоа, не прави го ова.

Таа едноставно ме остави и да го живеам својот живот и да сме среќни заедно истовремено, а тоа ми беше многу важно.

И денес е така, особено што сега имаме деца, а јас поинаку разбирам некои работи.

Веќе не реагирам импулсивно, на прва, туку размислувам што ќе кажам, како да им се обратам на децата, што да направам, правам планови.

Претходно се водев од емоции, па веројатно така ми се одвиваше и животот, од момент за момент, но сега се тука децата за кои треба бидам постојано присутен.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-09.jpg

Колку години имаат децата?

Најстариот е Рејан, има 10 години, потоа Исмаил кој има 5 и Џан има 8-9 месеци, уште е бебе.

alen-dete-rodeno-po-siluvanje-vo-vojnata-vo-bih-za-crnobelo-bioloshkata-majka-nikogash-ne-me-pregrna-toa-me-boli-najmnogu-04_copy.jpgОмилениот спомен од детството, со таткото што го посвоил

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...

Најчитани неделава