Љубовната приказна на Ведрана и сопругот Андрија: „Првата порака ми ја остави на 'seen', по една и пол година почнавме врска“

Како те запроси? Ти подготви ли некакво изненадување?

Ми подготви прекрасно изненадување. Ме познава многу добро и знае дека не сакам помпезност, публика и пренагласување на моментот.

Бевме на одмор во Занзибар преку српска агенција и веќе се зближивме со групата, па некако беше природно да одиме секој ден од една на друга плажа заедно.

Дента кога ме запроси, Андрија инсистираше од една плажа на другата, кај што бевме сместени, да се враќаме покасно и сами.

Ми падна чудно што гледаше да се „оттраси“ од сите луѓе, но искрено не помислив ништо слично на тоа дека ќе ме запроси.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-15.jpg

Кога се враќавме на пола пат ме запроси - постави gopro камера да го снима зајдисонцето, а јас не бев изненадена зашто Андрија сè работи - и видеопродукција и постпродукција и често снима рандом работи во природа.

Кога ја намести камерата, се свртев, а тој беше веќе клекнат. Почнав да зборувам глупости од што бев изненадена. Не прашувајте што глупости кажав, тоа ќе си остане за нас (ха, ха).

Уште една интересна работа е што сама сум си го носела свршеничкиот прстен без да знам.

Андрија, во договор со Елза, сопственичката на бренд за накит (мои долгогодишни клиенти) мудро ми „подметнаа“ прстен кој што требаше да го сликам, а на крај испадна дека е мојот свршенички прстен.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-16.jpg

Правевте црковна венчавка во Бигорски... Ќе има ли свадба?

Направивме скромна венчавка во Бигорски, нашите најблиски само беа на венчавката и имавме идеја понатаму да направиме и свадба/журка за сите пријатели.

Но еве, уште не ѝ дошол редот.

Андрија е џентлмен, па никогаш не се меша во моите желби за тоа каде нешто треба да се слави или како да биде организирано, сè остава на мене, а јас сум баш среќна со тоа.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-13.jpg

Кој е поромантичен - ти или тој?

Хммм, мислам дека и двајцата не сме претерано романтични, повеќе би рекла практични.

Си купуваме подароци што нè радуваат и гледаме секој ден да си го направиме животот поубав и полесен.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-14.jpg

Постојано патувате заедно - како ги балансирате работата со приватноста? Се случува ли да ги „измешате“ па некогаш поради едното да трпи другото (ако има несогласувања)?

Работата и приватното нам ни се едно, заедно сме 24/7 и тоа на многу луѓе не им е јасно, велат ќе си здосадиме.

А ние толку се имаме зближено, што ништо не ми се прави без него. Дури и ако отидам негде со пријателки, едвај чекам да се вратам дома и да му раскажам.

Слободни сме во секоја смисла, и приватно и работно, и затоа најдобро функционира врската.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-03.jpg

А за што се расправате најчесто? Кој е поизбувлив, а кој попушта прв?

Многу ретко се расправаме, а ако се некогаш, тоа значи дека јас се расправам сама со себе, а тој совршено ме „кулира“, ми вели „Извини бејбе“ и после пак си тера по свое (ха, ха).

А тоа е најчесто за тоа каде се оставени чорапите и такви сочни секојдневни ситници.

Јас сум ултра избувливата, а тој прв попушта.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-07.jpg

Што, според тебе, е важно за успешен брак?

Пред сè разбирање, компромиси, љубов, баланс, слобода во живеењето и егзистирањето.

ljubovnata-prikazna-na-vedrana-i-soprugot-andrija-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg