Ивана Анчев (38): „По првото неуспешно ин витро, сакавме да се откажеме, но издржавме и чудото се случи - Се вика Никита“
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„По првото неуспешно ин витро, не ни се продолжуваше понатаму, муабет не ни се правеше, но се созедовме и продолживме понатаму. Пак испитувања, процедури, операција... Со сопругот си рековме: ‘Како Господ, никој не е - еднаш мора да успееме’“, вели Ивана Анчев од Скопје, која денес е горда мајка на 1-месечниот Никита.

Ивана Анчев (38) од Скопје, по години борба со неплодноста, денес во своите раце го држи малиот Никита и со сопругот уживаат во секој миг од родителството.
Многу разочарувања на патот и тешки битки, но денес по толку инјекции и борба, вели дека се исплатело, а на другите жени кои се соочуваат со истиот проблем им вели да веруваат во процесот, во себе, да одат без страв и дека како Господ никој не е.
Ивана ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:
„Битката ни траеше 3 години....
Секако и претходно пробувавме со сопругот природно, едно 7 години, но не одеше и во еден миг мораше да собереме храброст за да отпочнеме со процесот.

Откако се решивме, почнавме со прегледи и испитувања кај д-р Владимир Трајковски во скопска приватна клиника. Господ здравје да му даде, пред сè голем човек и експерт, навистина многу семејства има усреќено.

Почнавме и кога докторот ни кажа дека ин витро е решението, на почетокот ни изгледаше навистина страшно и невозможно, поради тоа што знаевме што следува – инјекции, хормонски терапии и разочарувања.

Процесот е тежок и физички и психички, не велам не, но крајниот резултат е најважен.
Почнавме со краток протокол, минимална терапија од 10 инјекции и стоп инјекција.

Извадивме добри јајце клетки, првиот чекор добро го поминавме, па следеше потешкото – дали ќе се оплодат.

Се оплодија 4 ембриончиња, па едно ни трансферираа, другите ги замрзнавме.

Периодот додека ги чекавме тие 15 дена да поминат ни се чинеше како година и таман си рековме успеавме – повторно разочарување, неуспешно.
