Ивана Анчев (38): „По првото неуспешно ин витро, сакавме да се откажеме, но издржавме и чудото се случи - Се вика Никита“
Ниска бета hCG добивме. Не ни се продолжуваше понатаму, верувајте, муабет не ни се правеше.

Се созедовме, што е тоа е, продолживме понатаму. Пак ни претходеа испитувања и после подолга пауза од скоро една година, со сопругот решивме да продолжиме.

Си рековме - како Господ, никој не е - еднаш мора да успееме.
Продолживме кај истиот доктор и повторно добив удар од терапијата – имав покачен инсулин и тироидни хормони и покачен естроген.

Докторот се сомневаше во полип на ендометриумот и ни кажа да го следиме некое време, сè до оној момент кога ни кажа дека е потребно да направиме хируршка интервенција – хистероскопија.

Го направивме и тоа, а додека докторот го изведуваше зафатот, наишол на септум, тоа е преграда на матката што е видлива само со оваа метода, и го отстранил.

Ни предложи еден циклус да одмараме и да продолжиме со постапката.
Прифативме, секако со минимална надеж, мислејќи дека следниот пат ќе испадне друг проблем.

Си рековме – што биде нека биде, тоа е што ни останува, друго туку само да се бориме…
И чудото се случи… Се вика Никита“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
