Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“
Кои 3 работи не ти се допаѓаат воопшто?
Пушењето - знам, Европа е, но сепак ми е тешко да се навикнам.
Регионалните дебати околу идентитетот на Македонија понекогаш знаат да бидат „повторувачки“ и напорни.
И конечно, потребата од многу планирање за јавниот превоз. Дефинитивно наскоро ќе купам автомобил.

Какви момци се Македонците? Пробуваат ли да те заведат?
Општо се како мажи насекаде - некои се одлични, некои не.
Ќе кажам дека овде се чувствувам најженствено во животот, што е освежување.
Кога станува збор за флерт, не сум најдобра во препознавање, па можеби не е нешто што активно го барам.
Тие што сум ги сретнала се или срамежливи или многу самоуверени од почеток.
Јас лично преферирам директна комуникација.
Исто така ми имаат кажано дека изгледам застрашувачки во живо, па не ме приоѓаат често. Онлајн, луѓето се многу поотворени.

Твојот Инстаграм профил е поврзан со готвење... Колку често готвиш македонски јадењa и кое ти е омилено? А што ти е најлесно да спремиш за себе кога си многу гладна?
Готвам македонски јадења барем трипати неделно, како дел од моето лично истражување и професионален развој.
Постојано пробувам нови рецепти и ги усовршувам вештините.
Ќе споделам повеќе македонски јадења наскоро.
Дури и како готвач, не сè излегува совршено од првпат, па продолжувам да работам додека не го усовршам.
Моментално омилено ми е турлитава - неодамна го пробав ова јадење подготвено од мајката на една пријателка, и беше неверојатно.
Секогаш сум благодарна што имам храна, и најчесто си подготвувам состојки однапред.
Ако сум во брзање, избирам нешто едноставно - бурек, тост, ќебапи, салата, пржен зеленчук, јајца или пилешко со ориз.

Дали во некој момент се покаја што дојде тука?
За среќа, не - и се надевам дека никогаш нема да се покаам.
Македонија е неверојатно искуство за мене на многу начини.
Фокусот ми е да изградам живот кој е во склад со моите вредности - да ја споделувам мојата храна, да говорам течно македонски, да продолжам да патувам и да го зачувам мојот мир додека се приближувам кон Бог.

Кои ти се идните планови со животот поврзан кај нас?
Научив да не планирам предалеку, туку да му верувам на процесот, да бидам присутна и да дозволам работите да се развиваат, додека сепак работам кон јасна визија.
Како што велат моите родители: „Кога зборуваш, не си единствената што слуша - и Бог те слуша“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
