Емина Јаховиќ за CRNOBELO: „Децата се навикнаа на невистините за мене - беше тешко по разводот, но го преживеавме тоа“
Која е тајната што секоја ваша песна е хит?
Ти благодарам за комплиментот, ти благодарам многу.
Не знам, веројатно таа искреност и љубов кон музиката.

Ако денес се вратите на вашите музички почетоци, жалите ли за нешто?
Не, мислам дека низ мојата кариера сè беше како што требаше.

Што најмногу ве исполнува кога не сте на сцената?
Кога не сум на сцена, генерално сакам да поминувам време со моето семејство, со моите пријатели...
Ме исполнуваат и спорт, добра храна, кога сум во природа.
Јас сакам обични работи, најобични работи.

Постои ли некој луд моден избор што сте го направиле за на сцена или во спот, а денес ви е смешен или се срамите од него?
Секако, мислам дека сите имаме такви фази, (ха, ха), секако, секако дека имало.

Имате изјавено дека сте знаеле да отпуштате луѓе само ако ве погледнат попреку - што ве смири?
Па тоа не е вистина. Тоа некој го измислил за да направи „фама“ околу мојата личност и мислам дека, ако воопшто некогаш сум го кажала тоа, погрешно сум била сфатена.
Јас сум некој што е екстремно емотивен и не би можела така да се однесувам кон луѓето.

Зад себе имате еден развод - дали сè уште верувате во љубов, брак? Би се омажиле ли пак еден ден?
Па, јас верувам во љубовта, да.
Мислам, мислам дека ако престанеме да веруваме во љубовта, немаше да има живот.

Каде се гледате себеси за некои 5-10 години од сега,на музички план?
Јас веќе размислувам за мојот следен албум, но она што ми е голем приоритет во моментов е, всушност, оваа турнеја.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело