Љубовната приказна на Тијана и Игор Алексовски: „Го откажа првиот состанок - мораше да замине со фудбалската репрезентација“
Каде беше вашиот прв заеднички одмор? По што го паметиш?
Најубаво ми е што уште од почетокот уживавме и во најмалите моменти.
Не ни беше важно каде сме, туку дека сме заедно.
Првите заеднички патувања ги паметам по многу смеа, неискуство и чувство дека целиот свет е пред нас.
Нашиот прв одмор беше во Калитеа и го памтам по многу нешта - прво по неговиот шок кога дојде да ми помогне со работите пред да тргнеме и ме праша „Сè ова ќе носиш?! Па знаеш дека треба и уште еден пар да иде со нас, нема да нè собере“.
Но, беше многу убав одмор, бевме доста млади, срамежливи.

Дали имавте некоја криза во врската?
Најтежок период за нас беа операциите на коленото на Игор.
Тоа беше период полн со стрес, неизвесност и многу емоции.
Но, мислам дека токму тогаш станавме уште посилни како пар.
Научивме дека кога навистина се сакате, поминувате низ сè заедно.

Кој момент направи најмногу да се гордееш со него?
Дефинитивно пласманот на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година (U-21).
Целиот тој период додека траеја квалификациите имаше фантастични утакмици, тоа беше период што никогаш нема да го заборавам.
Но, секако најмногу се гордеам и со неговата сила и истрајност, особено во тешките периоди.
И покрај сите предизвици, никогаш не се откажа.
И секако, најгорда сум кога го гледам каков татко е на нашите ќерки.

Што е она што никогаш не му го кажуваш, а сакаш да го знае?
Дека покрај сите овие години, после сè што поминавме, тој е мојот најголем мир и сигурност.
Како изгледаа првите средби со семејствата?
Бидејќи сме заедно уште од многу мали, некако се вклопивме природно во семејствата.

Како те запроси Игор?
Ме запроси дома, на нашата седумгодишнина од врска.
Претходно бевме излезени со друштво, а после тоа тој ги организирал сите да дојдат кај нас.
Иако е многу срамежлив и повлечен, успеал сè да испланира во тајност и навистина ме изненади.

Раскажи ми некој интересен момент од свадбата...
Најинтересен и најемотивен момент од свадбата за мене беше првиот танц.
И двајцата сме по природа срамежливи, па долго размислувавме како ќе изгледа тој момент пред сите гости.
Вежбавме со многу труд и возбуда, а кога започна музиката, тремата исчезна и останавме само ние двајца во тој миг.
Токму затоа првиот танц ми остана како најубав спомен од целиот ден.
Исто така, еден убав дел од свадбата ми беше што околу нас беа луѓето што ги сакаме.
Имаше многу емоции, смеа и моменти што и денес ги раскажуваме. Тоа беше ден полн со љубов и искрена среќа.
