Лиле Микова, мајка херој: „На 1 година му донирав дел од мојот црн дроб на син ми - само сакав да го спасам“
Дали сметате дека Македонците има доволно свест за органодарителство?
Кај нас свеста за органодарителство сè уште не е на задоволително ниво.
Искрено се надевам во иднина ќе се променат многу работи, како во свеста кај луѓето, така и во одредени закони.
Постојат многу луѓе кои со години се на националната листа на чекање орган, надевајќи се на шанса за живот. За жал, некои од нив не ја ни дочекуваат таа шанса.
Токму затоа е многу важно да се зборува повеќе за органодарителство затоа што едно „Да” може некому да му подари живот.

Што би им порачале на родителите кои моментално минуваат низ слична борба?
Никогаш да не ја губат надежта, колку и да изгледа тешко. Знам колку има страв, неизвесност, непроспиени ноќи и моменти кога мислите дека немате сила повеќе, но бидете храбри, верувајте во лекарите, во медицината, во Бога.
Верувајте дека чуда постојат и дека љубовта на еден родител може да помести граници.

Што би им кажале на луѓето кои се двоумат околу донирање на органи? Каков апел би испратиле?
Би сакала да порачам воопшто да не се двоумат - дарувањето органи е еден од најголемите и најхумани чинови што човек може да ги направи.
Во момент на тага и загуба, тешко е да се донесат одлуки, но токму тогаш една одлука може да значи нов живот за некој друг.
Една согласност може да врати надеж во едно семејство и болката да добие смисла преку добрина.

Познавате ли луѓе кои со години се на листите за чекање?
Да, познавам еден од тие пациенти, кои се на листата на чекање срце и тоа е Дарко Најдевски - сопруг на Ирена-Ралева Најдевска, жена, сопруга борец, која за да ја подигне свеста за органодарителсво да му помогне на својот сопруг организира трибини низ цела Македонија...
Капа долу за таа храбра жена, а јас се молам во најскоро време да ја остварат својата цел.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
